Достапни линкови

Според проценките, американската популација денеска достигна 300 милиони жители


Според проекциите, американската популација денеска достигна 300 милиони жители. Бирото за попис проценува дека на секои седум секунди се раѓа по еден американец, еден умира на 13 секунди а еден мигрант влегува во земјата на 31 секунда. Краен резулат е дека на секои 11 секунди американската популација се зголемува за едно лице.

Само пред 39 години во 1967, американската популација броеше 200 милиона жители. Драматичното зголемување е резулат на неколку фактори – Имиграцијата, подолгиот човечки живот и стабилниот наталитет. Од сите три имиграцијата е најголем фактор за зголемување на американското население. Марк Хеијард директор на Центарот за истражување на населението од универзитетот во Тексас вели дека растот за експертите не е изненадување.

„Ние растеме веќе извесно време. Имаме многу помлада попуклација отколку Европските земји. Делумно причина е повисокиот наталитет, но и силната имиграција е важна за растежот нанашаат популација.“

Во моментов во Соединетите Држави живеат 36 милиони американци родени надвор од Соединетите Држави. Важен фактор во изминатуиве 20 години беше легалното обединување на семесјтвата, или со други зборови имигрантот имаше право да си го донесе семејството во Соединетите Држави. Имигрантите го сменија и лицето на земјата. Една третина од населнието припаѓа на друга етничка група различна од мнозинската бела раса. Најголем растеж имаат хиспањолците луѓето од шпаснко говорно подрачје.

„Во моментов околу две третини од популацијата не се хиспањолци. Најголема група се латино со 13 или 14 насто па следат африканските американци и азијатите. Но латино групата и азијатите се најбзо растечки малцински групи.“

вели Марк Матер демограф од Бирото за население. На растежот на населението генерално во Соединетите Држави се гледа како на позитивна работа. За разлика од Европа чие население, старее, младата популација и имигрантите во Америка се значајна подршка за старите кога ке престанат да работат. Сепак апсорпцијата и не е секогаш лесна. Различните јазици, култури предизвикуваат и практични проблеми во школството, градењето куќи. Но за имигрантите Америка останува земја на можноста.
XS
SM
MD
LG