Достапни линкови

Контрола на обврските кои Македонија како членка на Советот на Европа треба да ги исполни


Стефан Лене, директор за Западен Балкан во Советот на Европската Унија и советник на Хавиер Солана, престојува во Скопје. Од канцеларијата на Европската Унија во земјава велат дека средбите на Лене со македонскиот државен врв се рутински. Секоја земја членка на Советот на Европа, добива определени услови што треба да ги исполни по влегувањето во оваа оргазнизација, а контролата за тоа дали земјата работи во таа насока се врши преку посебна мониторинг комисија. Таа има свој известител што најмалку еднаш годишно ја посетува земјата, објаснува Благој Зашов, претставник на македонската парламентарна делегација во Советот на Европа:

„Се сретнува со надлежните во државата и има поединечни посети во одредени посети кои се „критични“, тука може да биде судството, може да биде проблемот со затворите, проблемот со ромите, политички проблеми при избори итн.“

Лене вчера се сретна со претседателот Бранко Црвенковски. Од неговиот кабинет информираат дека решавањето на финалниот статус на Косово, новите состојби предизвикани со донесувањето на уставот и организирањето на референдум во Србија биле темите на кои разговарале двете страни. Претседателот на државата, ја потврдил позицијата на Македонија за поддржување на преговорите меѓу Белград и Приштина со посредство на меѓународната заедница. Заклучок од средбата е дека демаркацијата на македонско-косовската граница е техничко, а не политичко прашање, став што на последната посета во земјава, го поддржа и косовскиот премиер Агим Чеку. При неодамнешната посета на земјава, шефот на УНМИК, Јоаким Рикер посочи дека финалното решение за статусот на Косово треба да се случи до крајот на годината.
Во Советот на Европа Македонија членува од 9 ноември 1995 година. Оваа организација ја одигра улогата на демократизација на Европа, потенцира Зашов, а се смета и за предуслов на земјата која сака да стане членка на Европската Унија. Почитување на човековите права, плурализација на демократијата и владеење на правото се трите постулати на кои се потпира оваа европска организација.
XS
SM
MD
LG