Достапни линкови

Проблематизирањето на мултиетничките прашања, влијае врз овие односи, велат експертите


Употреба на јазик што го разбира при приведувањето на лице кое сторило кривично дело, е едно од правата што ќе ги имаат полициските службеници согласно законот за полиција. Полициската надлежност во иднина ќе биде децентрализирана, односно поделена на осум територијални региони, формирани според големината на општината, со кои ќе раководат Секторите за внатрешни работи, со цел поголема ефикасност и функционалност на полицијата. Токму овие одредби во законот за полиција со кои треба да се задоволи мултиетничкиот состав на државата, се проблематизираат од страна на политичките партии. Мислењето и меѓу експертската јавност, а и меѓу граѓаните е дека жестоките дебати и тензични испади на што сме сведоци во рамки на собраниската расправа за законот за полиција, при што непотребно се искористуваат мултиетничките прашања ги подгреваат меѓуетничките односи. Иако сметаат дека нема да има поголеми последици, граѓаните сепак забележуваат дека се проблематизираат етничките релации.

„Можеби ќе влијае но не е убаво што се постапува така. Сите права ги имаат тие и нетреба така да продолжуваат.“

„Нормално дека предизвикува тензии, но не очекувам нешто поголемо.“

„Влијае веќе, психички мислам кај народот влијае.“


Од проблематизирањето на една чувствителна свера како што се меѓуетничките односи најголемата штета на крајот ќе има по однос на законот за полиција, е мислењето на професорот од Филозофскиот факултет Биљана Ванковска:

„Кога се оди по сила на некакви етнички приоритети тогаш велам колатерална штета ќе биде полицијата, односно ќе имаме полиција во која граѓаните нема да имаа доверба законот за полиција.“

Аналитичарот Назми Малиќи ја доведува во корелацијата улогата и важноста од однесувањето на политичарите што пак влијание врз ставот на јавноста и вкупната стабилност во земјата:

„Секоја лоша комуникација меѓу политичарите сигурно дека ќе има влијание и врз меѓуетничките односи во Македонија и врз внатрешната стабилност на земјата.“

забележува Малиќи.
XS
SM
MD
LG