Достапни линкови

Предлог закон за поттикнување на проширувањето на НАТО


Македонија деновиве доби уште една подршка од неколку америакански сенатори и конгресмени кои предложија закон со кој ја повикуваат администарцијата на претеседтелот Буш да го потикне проширувањето на НАТО и покрај државава покана за челенство да добијат и Албанија , Хрватсјкка и Грузија.Во оваа група која континуирано има подршка од Америка нова е само Грузија. Имено, САД одамна го подржуваат влезот на земјите од таканеречената Јадранска група.И во предлог законот на конгерсменот Ричард Лугар и сенаторите Бил Фрист, Џозеф Бајден и Гордон Смит се наведува дека групата постигнала голем напредок.

Според професорот и поранешен минситер за одбрана Владо Попосвки оваа подршка се должи на успешните реформи кои ги спрпведе државава но и на учеството на наши војници во воените и мировните мисите надвор од земјава. Тој додава дека предлог законот е важен чин затоа што како што вели се формира група на поширока подршка на напорите на престедетелот Буш земјите од Јадранската група да влезат во алијанса

„Што се однесува до аспектот дали и колку САД можат да помогнат, одговорот е можат многу, бидејќи тоа е клучната земја, практично и најзначајниот член на НАТО. Иако, таму одлуките се донесуваат со консензус, сепак влијанието на САД во НАТО структурата е клучна. Ако тоа се донесе, тогаш навистина има шанси Македонија и останатите земји да добијат покана во 2008 година за членство во НАТО.“

И од министерството за надворешни работи велат дека подршката од САД може многу д аи помогне на државава

„Тоа е силна политичка порака. Евидентнти се перспективите на Република Македонија за добивање покана за членство во 2008 година.“

изјави портпаролот на мистервсото Шпреса Јусифи. Со сличен став и од минситертсвото за одбрана:

„Иницијативата на американските сенатори е јасен сигнал пред самитот на НАТО во Рига, што уште еднаш ја потврдува визијата и лидерството на САД во цивилизациската интеграција на демократијата, чиј неизоставен елемент е и прошитувањето на НАТО,“

вели портпаролот Биљана Аврамова.

Идниот месец пак во Рига ке се одржи состанок на преставницте на земјите членки на НАТО.Сигналите кои што догаат од Брисле отворија полемика во јавноста дали на самитот воопшто и ке се зборува за проширување на алијансaта.
XS
SM
MD
LG