Достапни линкови

Консензус со посредници, па меѓусебни обвинувања


Иако партиите речиси секогаш ветуваат дека ке имаат политички конзенсус во врска со реформските закони кои се потребни за влез во Европската Унија во практика тоа не се случува. И пратениците од власта и опозицијата се соогаслваат со тој факт, но веднаш се обвинуваат мегусебно за кочење на рефорсмки процеси

„Потребна е политичка волја, којашто за жал кај СДСМ ја нема. За нив е поважно за два, три или пет дена да закочат и одложат нешто, одошто Република Македонија да има реален бенефит, односно предност.“

„Ние не сме за козметика. Ние сме за суштински реформи, кои Македонија ќе ја приближат кон европските стандарди,“

велат Влатко Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ и Џеват Адеми од ДУИ.

Според политиколот Дане Талески од Инстуот за демократија политичката дебата и различни мислења во врска со некои закони се нормални, но како што вели нашите политички партии немаат доволно волја и политичка култура за да можат и во практика да ја покажат согласноста во врска со неопходните реформи

„Моментот којшто фали на приближување на ставовите, кај нас во Македонија се добива под притисок од меѓународната заедница. Практично, добивањето на консензус се одвива со посредници, од една страна по нивна волја, но од друга и по барање на нашите политички елити.“

вели Талески и додава дека состојбата на секојдневно менување на партските ставови за важни прашања за кои постои декларативна заложба даваат слика за несериознаста на нашите партии

„Да излеземе од оваа ситуација треба да зголеми комуникацијата. Јавно да бидат познати ставовите. Да се игра со отворени карти, а да не се калулира, денеска за утре, со 500 партиски гледишта, да се наметнуваат за стратешки и важни политички прашања.“

Нопходнсота од дијалог мегу партиите за да се постигне полтички конзенсус ја посочува и аналатичарот Осман Кадруи

„Сметам дека политичките партии независно дали се на власт или во опозиција, треба да ги прифатат тие закони, затоа што тие го штитат интересот на државата. Политичките партии задолжително треба да се договараат со предлагачот на законите, а тоа е владата,“

објаснува Кадриу.
XS
SM
MD
LG