Достапни линкови

Македонија не размислува за зголемување на бројот на војниците во мирновните мисии на НАТО


Земјите членки на НАТО вчера на состанокот во Словенија одучија да испратат дополниелни 12 000 војници во Авганистан. Во меѓувреме и американксиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд побара истото да го сторат и земјите членки на Партнерствот за мир каде во кои што спага и Македнија. Од Минситревото за одбрана велат дека засега не размислуваат во таа насока.

„Република Македонија ќе продолжи со своето учество во Ирак и Авганистан. Ќе има зголемување, меѓутоа медицински тим,“

Изјави порпаролот на минситервсото Биљана Аврамова

И според професорка Лидија Горгиева од катедрата за мировни студии и одбрана простор за зголемување на мисјата нема. Таа потенцира дека досега одлуките за пракање војници во странство Македонија го базирала само врз основа на политичкиот принцип но во контекст на зголемување или на нови мисии таа додава дека е неопходно да се земат во предвид и други фактори.

„Треба да се води сметка и за борбената подготвеност, но и за економската оптовареност на ваквите мисии и колку тие придонесуваат за нашите надворешно политички цели, како и јавната поддршка.“

Според неа основна придобивка од испракањето наши војници во странство е што армијата постојано ја одржува својата борбена подготвеност.Но таа додава дека мисиите секогаш терба да бидат и во иста насока на нашата надворешна политика

„Во таа смисла, доколку се процени дека ваквите мисии значат и поддршка на нашите надворешни политички цели, тогаш се релативно оправдани мисии. Но, во овој случај, донесувањето на одлука за учество во мисија само од еден принцип, а тоа е членство во НАТО е многу еднострано гледање на проблемот. “

Инаку во моментов Македонија има вкупно 174 војници во мисии надвор од државава.Најголем број од нив се во мисијата во Авганситан односно 119 војници кои се дел од пешадискта единица , од медицискиот тим и во мисјата ИСАФ. Во мисијата Слобода за Ирак пак во моментов се наога седмиот контигнетен кој е составен од 40 војници.Од летово државава учествува и во првата мисија на европската унија АЛТЕА во Босна и Херцеговина со 17 војници и два хелихоптери.
XS
SM
MD
LG