Достапни линкови

Потребни се реформи и побрз развој, сметаат експертите


Според глобалниот извештај за конкуретност кој го изработува Светскиот еконномски форум во однос на минатата година Македонија забележува пад за 5 места односно се наога на 80 место.Од друга страна пак во извештајот се вели дека генерално одиме напред но многу бавно.Дејан Јаневски од Националниот совет за претприемништво и конкурентност вели дека токму на нашиот бавен напредок а на брзиот напредок на другите земји се должи и падот во рангирањето

„Македонија во однос на индексот и Светскиот економски форум повеќе се концентрира кон вредноста на индексот отколку кон рангот. Анализите покажуваат дека имаме напредок, но тој е мал. Вредноста на индексот е поголем за 0,02.“

објаснува Јанески и додава дека анализирајки ги податоци по факторите кои влијаат на извештајот во некои од нив се забележува и подобрување

„Имаме одредени подобрувања во однос на институциите, но индексот е низок.“

Овој извештајот на светскиот економски форум пак се смета за најрелевантен и врз негова основа државите анализираат каде треба да се подобрат. Јаневски вели дека кај нас клучиот збор е веке познат односно потребни се реформи. Со таа потреба се согаслува и економистот Душан Вељковик. Тој осврнувајќи се конкретно на конкурентноста на производите вели дека е загрижувачки фактот што домашните прозиводи не се конкуретни не само на светските пазари туку и на домашниот пазар.

„Без техничка обнова и технолошка модернизација на нашето стопанство не е возможно да се подигне конкурентноста на домашниот, а посебно на странскиот пазар. Се разбира, тоа бара и мерки во финансиската сфера, во креднитно монетарната област.“
XS
SM
MD
LG