Достапни линкови

Македонија сеуште се соочува со предизвици, истакна премиерот Никола Груевски


Пет години по Охридскиот договор Македонија, е стабилна, безбедна држава која чекори кон ЕУ и НАТО, но иако е сторено многу, сеуште се соочуваме со предизвици во градењето на меѓуетничките односи и целосно исполнување на обврските од Рамковниот Договор, истакна премиерот Никола Груевски на денешниот втор ден од конференцијата посветена на ,,Охридскиот договор - пет години по неговото потпишување“ посочувајќи на некои најнови барања што се актуелизираат, а кои го проблематизираат ова чувствително прашање:

„Денеска пет години по неговото потпишување сеуште имаме некои лица кои неможат да се вратат во своите домови, сеуште судбината на киднапираните граѓани не е откриена, сеуште одреден политички елити повикуваат на некакви ревизии на Уставот, на некакви поделби или нови национални рекомпорирања.“

истакна Груевски кој додаде дека подобрувањето на економијата, е најважниот елемент кој ги обединува граѓаните без разлика на етничката припадност:

„Уште чекори треба да се изодат за Македонија да стане целосно стабилна и безбедна држава во оваа насока најголемата тврдина која треба да ја освоиме е токму справувањето со сиромаштијата.“

Говорејќи за суштината на Охридскиот договор претседателот на дражавава Бранко Црвенковски забележа:

„Тој да напредува по два колосека. Да го јакне чувството на еднаквост меѓу граѓаните и заедниците, но истовремено да го и чувството на лојалност на сите кон заедничката државата. Напредувањето на само една димензија сигурно ќе предизвика фрустрација на другата страна, каде што ќе се засилува чувството дека решенијата што се нудат се неправедени и наметнати, а не неопходни.“

Еден момент кој беше потенциран од странските дипломати, односно германскиот амбасадор во земјава Ралф Ахдреад Бретх, без да ја доведе во прашање значајноста на Рамковниот договор, потсети на обврските кои во иднина како држава не очекуваат:

„Гледајќи наназад Македонија постигна многу успесни но, Македонија мора да оди напред да работи на својата иднина и мора секогаш да ја има на ум лекцијата од историјата што ја научила.“

Иако замислено како можност за обновување на политичкиот дијалот меѓу власта односно премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети, тој не присуствува на конференцијата, а го заменија други претставници од оваа партија.
XS
SM
MD
LG