Достапни линкови

Политичарите многу ветуваат, малку остваруваат – проблем е моралот


Политичарите пред изборите ветуваат се си сешто, но најмногу подобар живот за граѓаните. Колку она што го ветувале во последниве 15 години го оствариле најдобро зборува невработениот Перо кој како многу граѓани во државава останал без работа и сега влегувата во групата наречена стечајци:

„Тие ни ветуваат само за време на изборите, сите политичари кога ќе дојдат ветуват се, а потоа ги забораваат. Порано ветуваа дека барем еден од секое семејство ќе има вработен, а моето семејство, нема ниту еден и се бориме за корка леб и тешко ја вадиме и не можеме да издржиме секојдневно.“

И политичарите гледајки наназад на своите ветувања признаваат дека не ги рализирале сите приоритети врз основа на кои народот им го дал правото да ја водат државава.

„Имаше три крупни ветувња во 2002 година, враќањето на мирот и стабилноста, борбата против корупцијата и економските придобивки преку вработувањето. Мирот и стабилноста како приоритет е работа што ја ветивме и се заврши. За жал, во делот на борбата против корупцијата којашто сепак други инстанци се одговорни, не ги дадоа оние резултати коишто и јас и партијата очекувавме дека ќе се случат. И се разбира, економската проблематика, во услови на некои објективни и субјективни околности не даде резултат,“

вели Јани Макрадули од СДСМ

Колку пак од сега владеачката ВМРО ДПМНЕ од кога седнаа во владините столчиња сметаат дека може да ја остварат програмата во 100 чекори.Оливер Шамбевски пратеник од оваа партија тврди дека во наредните 4 години кажаното ќе биде и реализирано

„Исто како и во предизборниот период и сега уште повеќе цениме и како партија дека сите ветувања коишто се дадени се возможни и ќе бидат исполнети.“

Но, не е само Перо кој не им верува на политичарите. Фактите за состојбата во која се наога државава придонесуваат и аналитичарите да имаат недоверба во предизборните ветувања. Жидас Даскаловски од Центарот за истражување и креирање политики вели оти полтичарите немаат високи морални вредности.

„Општо земено, моралот ни е слаба страна, тоа се гледа и во фактот дека имаме многу корупција, скандали и проневери. Тоа е една слика и на општеството каде е стигнато, малку е деградирано, малку сме опаднати.“
XS
SM
MD
LG