Достапни линкови

Процесот не треба да предизвикува меѓуетничка нетрпеливост, вели Вицепремиерот Имер Селмани


Новата влада засега нема целосни сознанија колку вработени припадници на етничките заедници има во буџетските институции. Вицепремиерот задолжен за реализација на Рамковниот договор Имер Селмани вели дека во моментов располагаат само со податоци колку вработени има во државната администрација:

„Податоците таму покажуваат дека заедниците се застапени со 16%, имаме еден вакум на информации, односно една недостапност до информации во делот на она што ни се случува во јавните претпријатија, во здравството итн. каде што имаме една маса на вработени преку 20 илјади.“

вели Селмани и додава дека до крајот на месецов очекуваат да ги имаат сите информации и врз основа на тоа да направат план колку треба да се вработат. Од друга страна во медиумите се шпекулира дека голем дел од бројната држвна администрација ќе треба да се отпушти поради превработеност. Селмани уверува дека нема да се отпуштаат македонци за сметка на други националности туку само во согласност со реформите ќе се распределат во други сектори:

„Тоа незначи дека луѓето ќе останат на улица и да нема погрешна претстава и аверзија кон исполнувањето на обврските од Охридскиот договор, туку реформите значат дека несуштинските гранки или да кажеме она што е приватизација која е во согласност со директивите на ЕУ, значи се движи во таа насока и јас ценам дека нема да има оштетувања на едната страна во корист на другата.“

Алберт Муслиу, директор на невладината организација Асоцијација за демократски иницијативи пак вели дека меѓуетничкита нетрпеливост од евентуалното отпуштање на едни за сметка на други може да се избалансира само доколу вработувањето се сфати како неопходно, но и ако владата го реализира како процес во еден подолг рок:

„Тоа е процес кој треба да се разбере на подолг рок, мислам дека треба да се реализира и треба да се каже дека администрацијата не е само Биро за вработување, туку таа е онаа која е на служба на граѓаните, а правичната застапеност треба да ја покаже близината до граѓанинот, тоа и е дефинирано во Рамковниот договор. Сите страни треба да го сватат тоа, а сигурно ако процесот е форсиран сигурно дека ќе причинува проблеми.“

Објаснува Муслиу.
XS
SM
MD
LG