Достапни линкови

Повластици за странските инвеститори се добар чекор, но поважно е да се создаде здрава бизнис клима


Сименс и холандската банка Ај Ен Џи беа само дел од познатите странски брендови кои се споменуваа во јавноста како можни инвеститори во државава. Но нивното влегување на нашиот пазар не се случи, иѕвесен а само американскиот гигант Џонсонс контрол кој треба да почне со иѕградба на фабриката во слободна економска зона Бунарџик. Македонија и пионатаму останува на дното по странските инвестиции во однос на земјите во регионов. Сегашната влада тогашна опозиција во периодот кога СДСМ беше на власт го критикуваше раковоството дека нема добра економска политика. Новиот Министер за фиансии пак Трајко Славески во неделното интервју на Радио Слободна Европа изјави дека атрактавнисти планираат да ја зголемат со давањето дополнителни олеснувања за странските инвеститори:

„Дополнителни повластици што сакаме да ги обезбедиме за привлекување на странски инвестиции, можеби не се стандардни и применливи во земји со повисоко ниво на развиеност, но за земји како што е Република Македонија, секој ќе разбере дека ние со најниско ниво на директни странски инвестиции во Европа мора да направиме нешто повеќе да ги привлечеме странските инвеститори.“

Даночни олеснувања пак даваше и поранешната влада. Македонија беше во тесна трка со Полска за Џонсонс Контрол кои добија низа поволности.

Според Борко Ханџиски од центарот за економски анализи ваквите потези се добри но не се и начин да се реши проблемот со недостигот на странски инвеститори:

„Она што покажува праксата од земјите во регионот е дека даночните стимулации не се единствениот фактор за поттикнување на инвестиции. Инвеститорите бараат здрава бизнис клима, земја каде што владее правото. Она што треба да се има предвид е дека треба да се свртиме кон европското законодавство кое е рестриктивно, ако дадеме повластици на долг рок, ќе може да се одрази на влезот во Унијата, односно ќе треба да се усогласи законодавството.“
XS
SM
MD
LG