Достапни линкови

Неколку месеци комоција за власта, поради периодот на консолидација на опозицијата


Во наредниот период, во земјава ќе дејствува слаба опозиција, а промените кои се најавуваат во редовите на Либерално-демократската партија и Социјал-демократскиот Сојуз, се резултат на однесувањето на лидерите на овие партии, анализира стручната јавност. Во една демократска држава нормално е водачите на партиите кои ги изгубиле изборите да си поднесат оставка од функцијата, објаснува Дане Талески од Правниот факултет во Скопје.

„Затоа ние не гледаме превривања во ЛДП, затоа што Пенов внатре го има најавено и во ЛДП нема реакции и релативно е консолидирана партијата. Додека во СДСМ Бучковски тоа не го почитува, има различен став и има превирања во СДСМ. Релано е да се очекува во наредните неколку месеци опозицијата да биде слаба во парламентот, затоа што им престои внатре партиска консолидација.“

Според аналитичаорт Назми Малиќи, кадровските промени во редовите на опозициските партии, може да ја зацврсти улогата на контролор на власта.

„Тоа е добро, може и појако да се игра таа улога, опозицијата да биде контролор на власта, што е и врв на демократијата.“

Она што во моментот претставува најголем проблем на македонската политичка сцена е однесувањето на коалицијата ДУИ/ПДП, која засега функционира како вонпарламентарна опозиција и го кочи нормалното функционирање на политичкиот систем, смета Талевски.

„И сега една силна политичка партија кај етничките Албанци, ако не е во институциите во системот, тоа е вовед во криза која ги става под знак прашање меѓуетничките односи и се враќаме во ситуација кога Македонците и Албанците се две спротиставени страни.“

И според професорот Малиќи, превирањата кај опозицијата може да создаде вакуум во функционирањето на политичкиот систем, особено во еден период кој е исклучително важен за Македонија.

„Може да се створи вакуум додека се градат кадровски решенија, наместо активностите да бидат кон имплементација на програмите, како земја што чекори кон ЕУ.“

заклучува Малиќи, според кој потребно е уште многу време за македонските политички партии да прераснат во таканаречени политички елити.
XS
SM
MD
LG