Достапни линкови

Светските сили најавуваат санкции против Иран


Денеска истекува крајниот рок до кога Иран требаше да го запре процесот за збогатување на ураниумот што му го постави Советот за безбедност на Обединетите Нации. Од Техеран засега без никаква и најмала индикација дека рокот ќе биде испочитуван. Светските сили веќе најавуваат санкции против Иран.

Во Вашингтон портпаролот на Стејт Департментот Шон Меккормак изјави дека Соединетите Држави не очекуваат од Иран да ги исполни барањата на Обединетите Нации. Затоа, како што додава, санкциите би биле силен и јасен сигнал до Иран.

„Идејата е да се обидеме да ги натераме да го сменат нивното однсеување. Тоа сакаме да се случи. И сега сме пред наредниот чекор. Веруваме дека санкциите ќе испратат јасен и силен сигнал до иранскиот режим дека ова прашање сериозно ја загрижува целата меународна заедница и оти затоа треба да го смени своето однесување. “

Изјави портпаролот на Стејт Департментот Шон Меккормак, најавувајќи дека државниот потсекретар Николас Барнс во почетокот на идната недела ќе отпатува за Европа на разговори со високи претставници на Британија, Франција, Русија, Кина и Германија за можните санкции против Иран. Од друга страна, во седиштетото на Обединетите Нации ќе бидат одржани разговори за прецизната формулација на евентуланата резолуција со која би биле воведени санкциите против режимот во Техеран. На состанокот ќе учествуваат амбасадорите на постојаните членки на Советот за безбедност.

„Постојано повторувавме дека очекуваме, не подоцна од триесет и први август, согласно со резолуцијата на Советот за безбедност шеснаесет дедесет и шест, иранците да го прекинат процесот за збогатување на ураниумот. Ако тоа не се случи ние постојано велевме, а со тоа со согласија и другите постојани членки на Советот, плус Германија, дека ќе побараме санкции против Иран.“

Изјави американскиот амбасадор во Обединетите Нации Џон Болтон. Во меѓувреме, иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад во денеска рече дека Техеран е за мирно решение на проблемот:

„Нашата земја е за дијалог базиран врз правдина. Иран беше и ќе биде меѓу водечките за мир во светот. Иран никогаш во историјата не ги напаѓал правата на друга земја.“

Изјави Ахмадинеџад додавајќи дека затоа Иран нема да допушти никакви закани и притисоци во неговата намера да ги оствари своите права:

„Тие би требало да знаат дека Иран нема да допушти никакви притисоци и агресија и оти нема да прифати и најмало кршење на нашите права.“

Рече во денешниот говор во градот Урумија, иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.
XS
SM
MD
LG