Достапни линкови

Грција го развлекува решавањето на проблемот


Со формирање на новата влада Грција го актуелизира прашањето за уставното име на нашата земја или посочува дека се преговара за мегународниот назив. Шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани со реакција на ставовот на нејзиниот македонски колега Антонио Милошоски и специјалниот пратеник за разликите за името Никола Димитров кој во интервју за Радио Слободна Европа истакна дека предмет на разговори не е мегународниот назив на Република Македонија, туку разликите мегу Скопје и Атина. Предметот на разговорите под покровителство на Обединетите нации е утврден со Резолуцијата 817 каде се вели дека ке се водат разговори меѓу двете страни за разликата на името. Има аргументи за тоа дека се разговара за име за билатералните односи:

„На пример, бидејќи нема друга земја во меѓународната заедница која има проблеми со нашето уставно име Република Македонија, би следувало логично, дека за да се надмине разликата со земјата којашто ни приговара на нашето име, и на нашиот идентитет, тогаш би било логично да се најде формула за билатералната комуникација со таа земја,“

вели Димитров.

Изјавата на Бакојани во која вели - во преговорите под покровителство на Обединетите нации се разговара за меѓународното име на земјата со која Грција сака да има добри и пријателски односи – аналитичарите коментираат дека е резултат на желбата на Грција да се одолговлекува решавањето на ова отворено прашање:

„Битно е да се ослободи маневарски простор, во кој тие ќе може да се извлечат од ќорсокакот во кој се, во моментов оценувам дека после американското признавање и практично на најголемиот дел членки на Советот за безбедност, сакаат да ја префрлат топката на употребата во меѓународната заедница. На тој начин се одолговлекува целата работа и тие димензии треба да се гледаат интегрално, а не поединечно, за билатерална и меѓународна употреба.“

изјави аналитичарот Димитар Мирчев
XS
SM
MD
LG