Достапни линкови

Се засилуваат политичките активности, главно со несигурност меѓу граѓаните


До парламентарните избори во Босна и Херцеговина има нешто повеќе од еден месец, а предизборните активности во полн ек резултираат главно со несигурност на граѓаните. По бомбашкиот напад врз гробот на Алија Изетбеговиќ во Сараево и прикажаните снимки за злосторства врз србите во Западна Босна во 1995 година се засили реториката која ја има за цел националната хомогенизација на трите етнички групи што треба да ја обезбеди победата на националните партии.

Дека на политичарите во Босна и Херцеговина, како и на целиот Балкан, не им е туѓо искористувањето на трагедиите во изборни или други дневно политички цели сведочат истапите на лидерите по неодамнешната експлозија на гробот на првиот босански претседател Алија Изетбеговиќ, вели Рајко Васиќ од Сојузот на независните социјалдемократи:

„Појавувањето на лидерите на местото на експлозијата е факт дека тоа добро се користи во предизборни цели, а несреќата е во тоа што такви работи се случуваат без разлика за чиј гроб станува збор. Тоа е знак дека не сме цивилизирана држава и оти немаме достигнато никакви европски стандарди.“

Во препукувањата меѓу бошњачките и српските политичари најпрвин беше прозван српскиот член на босанското претседателство Борискав Паравац дека е посредно поврзан со овој терористички чин затоа што своевремено барал да се тргне почесната стража од гробот на Изетбеговиќ. Реагираа од неговата Српска Демократска Странка дека почеснаат стража за нив нема функција бидејки Алија Изтебеговиќ за српскиот народ нема статус на заслужен граѓанин. Тие велат дека мотивите за тој тероризам не треба да се бараат во Република Српска. За тоа кому политизацијата оди во прилог објаснува еден од лидерите на Социјалдемократската партија на Босна Јозо Крижаниќ:

„На националните партии кои, за жал сега во ова предизборно време наместо да положат сметки за предизборните ветувања дадени пред 4 годнини а за што немаат добра аргументација, нормално се фаќаат за испробан пристап. Сакаат да создадат општа несигурност и чувство на загрозеност на еден од друг народ а се со цел тие да се појават како заштитници и спасители на своите народи. “

Целта е велат, национална хомегенизација на трите етнички групи која ќе им обезбеди победата на националните партии.
XS
SM
MD
LG