Достапни линкови

Според аналитичарите и двете прашања треба да бидат подеднакво важни за идната Влада


Подобрувањето на животниот стандард и зголемувањето на вработеноста се главните цели во програмата на мандаторот Никола Груевски, додека меѓуетничките односи се наоѓаат веднаш по економијата. Но, ова незначи дека се дава зелено светло на економијата, а не на меѓуетничките односи коментира Имер Селмани од ДПА кој во новата влада е кандидран за вицепретседател и министер за здравство:

„Двете суштински работи, економскиот развој, сигурноста на инвеститорите, владењее на правото, паралелно ќе одат со спроведувањето на Рамковниот договор. Апсолутно значи, меѓуетничките односи не се ставаат на втор план и нивното продолжување ќе биде спроведено со поголема динамичност, а тука спаѓа и правичната застапеност на припадниците на албанската заедница во државната администрација.“

Меѓуетничките односи остануваат во фокусот на политичките односи бидејќи тие се нашата реалност, вели аналитичарот Хисен Рамадани:

„Во седумте приоритети на Груевски, емѓуетничките односи се ставени на петото место, под нив е политичката сигурност и влегувањето во НАТО и ЕУ. Всушност во нашата свест, а и воопшто во животот, меѓуетничките односи секогаш ќе бидат по економијата, но некогаш и пред неа“

Според него на овој план уште има празнини кои треба да се пополнуваат:

„Па една од ситуациите што сега ја имаме во врска со поведението во самата ДУИ е пример за тоа дека некои елементи сеуште не се изградени, во однос на тоа која е положбата на некоја етничка заедница во текот и после изборите.“

Професор Биљана Ванковска од Институтот Евро- Балкан, потсетува на економската цена која се плаќа со некои чекори:

„Ако ги пренасочите државните напори кон решавање на меѓуетнички односи, блокади на улици итн. сето тоа има економска цена. Значи, потребна ни е еманципација и политичка култура и на политичките партии меѓутоа и за однесувањето на граѓаните без разлика од која зедница доаѓаат.“

вели Ванковска.
XS
SM
MD
LG