Достапни линкови

Неколку земји понудија свои трупи во рамки на мисијата на ОН


Неколку земји понудија трупи за проширената мировна мисија на Обединетите Нации во Либан. Понудата од 8 земји дојде на состанокот во Светската Организација. 15 илјади војници на Обединетите Нации треба да работат заедно со либанската војска која за прв пат по 40 години ја превзема контролата во јужен Либан.

Зборувајќи по завршувањето на разговорите во Обединетите Нации заменик генералниот секретар на Светската Организација, Марк Малох Браун изјави дека уште многу останува да се направи. Но тој вели дека е оптимист оти мулти националните сили ќе ја добијат потребнмата форма:

„Ние сме доста убедени дека ги имаме потребните елементи за силна мултилатерална сила по карактер, и способна да ја заврши задачата што ќе и биде доделена.“

15 илјади војници на Обединетите Нации треба да работат заедно со либанската војска која за прв пат по 40 години ја превзема контролата во јужен Либан. Францускиот минситер за надворешни работи Доусти Блази во Бејрут ја истакна подготвеноста на Франција за силна партиципација во мировните сили во Либан.

„Француската армија ќе му обезбеди на УНИФИЛ 1700 војници и откако тие ќе завршат со обезбедувањето хуманитарна помош, во рамките на Француската национална одбрана ќе партиципираат и во доставувањето метални мостови за Бејрут.“

Франција, според министерот за одбрана Мишел Алиот Мари, е подготвена да ја преземе командта врз овие сили. Еве што за подготвеноста на Германија вели амбасадорот во Светската организација Томас Матушек:

„Јас бев во позиција да понудам морнаричка компонента која ќе патролира и ќе го обезбедува либанскиот брег за да бидеме сигурни дека оружје или други материјали нема да влегуваат во Либан. Ние исто така можеме да понудиме и значителна патрола по должина на границата со Сирија.“

Дипломатите велат дека меѓу 8-те земји кои ветиле подршка се и Бангладеш, Индонезија и Малезија. Во меѓувреме либанската војска продолжи да се распоредува и стигна на 7 километри од границата со Израел. Таа ги превзема од израелската армија упориштата на радикалното движење Хезболах по едно месечните судири кои завршија во понеделникот.
XS
SM
MD
LG