Достапни линкови

Германциите и Англичаните на одмор дома, наместо на медитеранските плажи


Медитеранските плажи, поради глобалното затоплување, би можело во овој век да станат прежешки. Токму тоа ќе стане причина летните одмори европејците да ги минуваат дома, велат експертите за климатски промени.

,,Во летата што доаѓаат, потенцијалните туристи од Британија и Германија ќе наоѓаат подобри временски услови во нивните земји отколку на Медитеранот,, се наведува во најновото истражување што заеднички го спроведоа британски и дански експерти. Околу сто милиони луѓе. повеќето од северна Европа и пред се германци и британци, секоја година го посетуваат Медитеранот каде што трошат скоро сто милијарди долари. Секоја промена на нивните одморски навики би можело да има големи последици врз економиите на медитеранските земји, како например Шпанија, Франција, Италија, Грција, Турција, Мароко. ,,Луѓето не сакаат во нивната потрага по сонце, море и песок, да бидат принудувани да лежат под длабоки сенки поради тоа што е прежешко,, вели Дејвид Винер, климатски научник од Универзитетот на Источна Англија. Плажите во северна Европа, од Ирска и северна Франција до Балтикот и јужна Скандинавија, би можело да станат поатрактивни за годишноодморците во наредниве неколку декади. Жешките бранови, како оној што годинава ја погоди Европа, всушност ги тераат северноевропејците да патуваат до медитеранските плажи каде што ќе можат да се разладат, а не обратно. ,,Ваквите временски услови ќе преовладуваат и во иднина,, додава Винер, наведувајќи дека користењето на фосилните горива во фабриките, централите, автомобилите придонесува за зголемување на глобалните температури. Тие пак особено ќе бидат високи на Медитеранот што би можело да го опустошат регионот. Во истражувањето сепак се наведува дека таквото време би придоесло тамошните луѓе да размислуваат за развивање на пролетниот и зимски туризам. Научниците кои работат за Обединетите нации неодамна соопштија дека во наредниве сто години просечната темпертура на Планетата би можела да се покачи дури за шест целзиусови степени. Тоа, со други зборови би значело почести топлотни удари, поплави и појава на заразни болести. Време е велат не само да се размислува кои ќе бидат последиците од глобалното затоплување, туку како да се живее со нив. Сончањето по се изгледа ќе излезе од мода.
XS
SM
MD
LG