Достапни линкови

ДУИ денеска одлучува дали ќе учествува во работата на Собранието


Демократската унија за интеграција денеска доцна попладне ќе одлучи дали ќе учествува во работата на Собранието. Не е искулучено оваа партија и да ги врати пратеничките мандати. За тоа што повлекува оваа ситуација говори Саво Климовски професор на Правниот факултет во Скопје:

„Имаме тука две ситуации. Ако овие 17 пратеници, ги вратат мандатите, тогаш автоматски наредните 17 пратеници од листите каде што учествувале, тогаш тие доаѓаат во Парламентот, односно се прашуваат. Но, ако е генерален став на партијата ДУИ целосно да се повлече од Парламентот, не само овие 17 пратеници, во тој случај тоа ќе биде најголема штета за самата ДУИ, тоа ќе внесе нестабилност и нервоза и со тоа ДУИ практично ќе му даде одврзани рацете на вториот политички компонент да се докаже како претставник на албанската заедница.“

Климовски истакнува дека граганите кои гласале за ДУИ им го дале мандатот за да тие ја застапуваат програмата со која се претставија на изборите:

„Најдобро ќе биде за ДУИ да си остане во Парламентот и да се бори за програмските концепции со кои што излегле пред граѓаните, го добиле мандатот, а не да настојуваат по секоја цена да се наметнат како доминантен политички субјект.“

Вели Климовски.
Од Демокртаската унија за интеграција пак повторуваат ние само сакаме да го потсетиме мандатарот дека ние го добивме мнозинството гласови од албанскиот блок:

„Треба да се почитува гласот на граѓанинот албанец, така што мислиме дека тоа е најелементарното право во едно мултиетничко општество, бидејќи ако не се почитува тоа, се губи смислата нашите граѓани да излагаат и да гласаат за некоја политичка партија од албанскиот блок.“

Изјави Рафиз Алити.
Во меѓувреме, од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека продолжуваат средбите на мандатарот Никола Груевски со лидерите на партиите кои ќе учествуваат во владата се со цел да се прецизираат ресорите и персоналните решенија.
XS
SM
MD
LG