Достапни линкови

Македонија доцни во спроведувањето на европските стандарди во екологијата


Единствен чекор напред во приближувањето кон европските стандарди во областа на екологијата е правната рамка или усвојувањето на неколку закони, како законот за управување со отпад, за заштита на животната средина и слично. Дека во праксата е поинаку говорат неодамнешните еколошки инциденти поморот на риби во реките Пчиња, Брегалница. Во Македонија не може да се каже дека се обрнува внимание на критериумите како квалитет на вода, воздух, управување со отпад. Проблемот што земјава е толку далеку од Европа во оваа област е тоа што постигнувањето на стандардите чини многу:

„Факт е дека токму директивите од областа на животната средина се најскапите и очекувањата, доколку се следи статистиката што се случувало во државите кои станаа членки на ЕУ, е дека скоро две третини од тие трошоци ќе треба да се покријат од сопствени извори, додека на една третина од тие трошоци може да се смета на партнерство. Дури и на нетолку добрите познавачи на проблематиката им е јасно дека за да се изгради една регионална депонија нависитна чини многу, потоа уште поскапо е да се прочистуваат отпадните води.“

изјави Тони Поповски поранешен министер за животна средина.
Екологистите незадоволни и од правната регулатива, велат треба да се работи уште многу за да се заокружи правната рамка:

„И во однос на постигнувањето на одредени цели, па дури и во побарувањата во однос на европската регулатива. Токму од областа на животната средина, па и во земјоделството, на Македонија и претстои многу работа. Не е донесено се што е потребно, за да бидеме во согласност со земјите од ЕУ.“

Вели Руска Мицева од Движење на екологисти на Македонија. За да не се влоши состојбата таа апелира до идните инвеститори во индустриските објекти да внимаваат при нивно повторно рестартирање и да ги превземат сите мерки:

„Апелираме да се води грижа кога се склучуваат договори, секогаш да постојат обврски новиот газда на овие објекти да ја има во предвид животната средина.“

изјави Мицева.
XS
SM
MD
LG