Достапни линкови

Јавноста поделена околу одлуката на Самостојната српска демократска странка


Во одбележувањето на 5 ти август - годишнина на воената операција Олуја, која во Хрватска се слави како ден на Татковинската благодарност, оваа година за прв пат официјално ќе учествуваат и преставници на србите. Одлуката на Самостојната српска демократска странка ја подели јавноста. За мнозинството преурането и апсурдно е да се слави сопствениот пораз и трагедија. Од друга страна заговорниците на идејаат сметаат еднаш мора да се почне и оти е логично да се почитуваат институциите и празниците на сопствената држава.

Треба ли србите во Хрватска да учествуваат во официјалната прослава на Олуја воената операција со која хрватските сили ги поразија српските во таканаречената Книнска Краина за време на Татковинската војна во Хрватска. На ова прашање тешко одговараат и самите советници на Самостојната српска демократска странка во градот Книн. Советникот Сања Косиер.

„Не е едноставно, но ако сакаме некаков соживот еднаш мора да се тргне. Ако сакаме да ја почитуваме државата во која живееме, тогаш би требало да ги почитуваме и празниците и се друго.“

Факт е дека не може лесно да се заборави оти се убиени и многу цивили, вели Огнен Бисерко претседател на оваа партија. На тој ден србите одат на гробишта и организираат парастоси. Тешко е тие работи да се состават, вели Бисерко, наведувајки дека советниците на неговата партија ќе учествуваат на протоколарните настани а не и на забавната програма. Обичните срби не веруваат дека некој ќе отиде на прославите, посебно не на концертот на Марко Перковиќ Томсон – популарен хрватски пејач познат и по своите националистички ставови и усташки песни како Јесеновац и Градишка стара. Србинот Глишо Колунџиќ вели.

„Не е природно да се слави нешто поради што си настрадал, поради што си го загубил работното место, куќата, станот. Тоа на мене не ми оди едно со друго.“

Српскиот народ со векови слави изгубени битки и има право да ја слави и Олуја, е ден од многуте иронични коментари во хрватскиот печат. За градоначалникот на Книн Јоспиа Римац оваа одлука на срспските советници преставува напредок во соживотот. Минатата година имаше 50 случаји на судири на етничка база. И натаму има судири и нетолеранција. Одлуката србите да учествуваат во одбележувањето на Олуја, многумина ја поврзуваат со коалицискиото партнхерство со Ха Де Зе и со изјавите на претседателите на Хрватска и Србија Стипе Месиќ и Борис Тадиќ при неодамнешната посета на Книн дека граѓаните на српската националност треба да ги почитуваат празниците на државата која им е татковина и во која живеат.
XS
SM
MD
LG