Достапни линкови

Исламските радикали опасност за безбедноста на Балканот


Постоењето на исламските радикали без разлика колкав е нивниот број е опасност за безбедноста на Балканот, сметаат аналитичарите од регионов. Тие објаснуваат дека треба да се прави разлика меѓу терористите и екстремистите, бидејки сите екстремисти не се терористи, но секој екстремист може да стане терорист. Аналитичарите посочуваат дека кога е во прашање Балканот исламските екстремисти ги има во различни области посебно во оние делови каде живеат муслимани Косово и Метохија, Македонија, Санџак, Босна, Албанија

„И во Босна и Херцеговина, и во поширокиот регион, секогаш постојат опасности кои не треба да се занемаруваат. Како што гледаме од искуствата во светот, за сериозни терористички напади не се нужни терористички кампови, ниту масовна терористичка поддршка. Потребен е само мал број на радикали кои мислат дека со своето делување можат да придонесат за определена идеолошка или политичка цел и да се укаже сериозна опасност“

вели Сенад Слатина од Сарево, директор на Центарот за европска интеграциска стратегија.

Дека постои опасност во регионов смета и Драган Симеунович
професор на факултетот за политички науки во Белград

„Во овој момент таа оипасност има растечки карактер. Постои опасност која е потенцијална и може да се каже дека таа благо расте, но доволно брзо за да може да предизвика проблеми. Исламските екстремисти од било кој дел на светот се поврзани и тука грешат некои западни аналитичари споредувајќи го бројот на екстремисти на Балканот, со оној од арапските или муслиманските земји. Важно е нивното влијание, а не бројот, бидејќи доколку тие се подготвени за терористичка акција, потребни се дваесетина лица“

Аналитичарите во Загреб сметаат дека тероризмот, екстремизмот е глобална појава од чие делување ниту еден регион не може да биде ослободен, па ни Балканот

„Може со право да се каже, со оглед на војната и последиците од неа, постојат вакви групи. Често, можно е понекогаш да се шпекулира поради политички причини нивната бројка да се зголемува или намалува според потребите. Но, она што може да се постави како теза, е прашањето за карактерот на тој фундаментализам, неговата поврзаност со останатите делови и насоченоста кон еден можен терористички ангажман“.


вели Радован Вукадиновиќ професор на Факултетот за политички науки во Загреб.

Аналитичарите велат исламски екстремисти во овој момент постојат неколку категории, прво посочуваат, се симпатизерите грубо кажано, потоа оние кои повремено се вклучуваат во активностите, и на крај активното јадро кое брои неколку стотини на Балканот. Според нив сериозните проценки говорат дека 40 до 50 лица се подготвени на тероризам, и додаваат - оние кои мислат дека тоа е мал број треба да имаат во предвид дека за голема терористичка акција дури и како онаа во Њујорк потребни се дваесеттина луге. Од оние во регионов, велат аналитичарите проценките се дека има број од 10 до 20 луге кои постојано се движат на релација Босна Турција.
XS
SM
MD
LG