Достапни линкови

Осуда од ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, СДСМ и меѓународната заедница без коментар


По вчерашната изјава на лидерот на Демократската Унија за интеграција дека доколку ДУИ не влезе во составот на новата влада, народот и идната Влада ќе имаат проблеми, партиите се јавија со свои реакции. Од ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека не се плашат од ваквите заканувачки изјави.

„Демократската политичка култура ниту се купува во самопослуга, ниту се носи од планина. Таа се учи, таа се надградува, таа треба да биде дел од секоја политичка партија во Македонија и нема да отстапиме под никаков притисок и закана на таа тема“

изјави Антонио Милошоски од вмро-дпмне

Од Социјалдемократскиот Сојуз кратко изјавија

„СДСМ во овој момент не би ги коментирал таквите изјави“

изјави Борис Кондарко, портпарол на СДСМ

И Од Демократската унија за интеграција не сакаат да ги коментираат изјавите на своите партиски челници. Оттаму соопштија дека преговорите со ВМРО-ДПМНЕ најверојатно ќе продолжат, но без да дадат конкретни информации за идна средба помеѓу двете партии. Од опозициската ДПА, остро реагираат на изјавата на Ахмети. Велат дека во овој момент треба да реагираат органите на правосудството.

„Тоа беше директна закана за луѓето, за државата и со тоа треба да се занимаваат органите на државата, правосудството, односно правобранителот. Мислам дека тоа треба да се расчисти, оти еден лидер така да се закани само затоа што е на власт – тоа е невидено досега и не му личи на еден лидер. А од друга страна, не треба да премолчи правобранителството“.

изјави Илијаз Халими од ДПА.

Еве како, вчера лидерот на ДУИ реагираше на прашањето како ќе реагира ако ДУИ не влезе во составот на идната Влада.

„Тогаш со народот идната влада ќе има проблеми“

И од набљудувачката мисија на ОБСЕ не сакаат да дадат коментар за изјавата на Ахмети. Велат оти не коментираат политички изјави на лидери.
XS
SM
MD
LG