Достапни линкови

Компјутерска програма за автоматско распределување на предметите по судии


Со цел зголемување на ефикасноста на судството и намалување на корупцијата кај судиите во сите судови во земјава ке се воспостави комјутерска програма за автоматско распределување на предметите по судии.

„Софтверот ке ги распределува случаите до различни судии по анонимен пат. Значи нема да се дозволи некои судии да бидат пренатрупани со предмети, а некои да не работат. Сето ова е прифатено од претседателите на судовите во земјава како од Основните судови, така и од Апелациските.“

изјави Сали Браутон од ОБСЕ, организација со чија помош се спровесува овој проект.

Претседателот на Апелацискиот суд Скопје Вели Ведат оценува дека ваква распределба на предметите е неопходна за да се врати довербата на граганите во судството

„Се формира работна група на ниво на трите апелациони судови коишто заедно со помош на компјутерџии оценија дека може да се направи софтвер со којшто ќе се направи природна поделба на предметите, а тоа е предметите да можат да се земат по пат на компјутер и во поделбата да не можат да имаат влијание ниту претседателите на судовите, ниту раководителите на одделенијата. На тој начин ќе се избегне секакво влијание, а со тоа ќе се намали и сомнението кај граѓаните на Република Македонија дека одредени предмети се местат, се даваат на овој или оној судија, дека претседателот на судот може да ги намести предметите и слично“

Драган Малиновски смета дека со ова ке се намали и корупцијата во судството, кое како што вели во повекето истражувања се посочува како една од области во кои има големи проблеми

„Досега колку и да се правеа обиди и судиите колку тоа да го правеа принципиелно, сепак се оставаше на судската администрација да може на одреден начин да кој предмет кај кој судија ќе биде распореден. На овој начин се елиминира таквиот субјективизам и се растоваруваат и судиите и судската администрација од помислата дека предметот е намерно даден на овој или оној судија или некој предмет чека да биде распореден“

Проектот ке чини од 12 до 15 илјади евра, а за лицата кои ке работат со оваа програма предвидена е и обука.
XS
SM
MD
LG