Достапни линкови

Слабиот интерес на инвеститорите за производствениот сектор е поради лошиот имиџ на Македонија


Услужните дејности, како телеком компаниите и интернет провајдерите, се најинтересни за странските инвеститори. Според Стопанската комора, во Македонија се влезени 1,2 милијарди долари, а 60 насто одат во услужните дејности. Според експертите, причините се:

„Првата е лошиот политички имиџ што го има Македонија. Во вакви земји, политички нестабилни, инвестициите се повеќе во услужниот сектор, од проста причина што многу побрзо може да се отвори бизнис во услужниот сектор, меѓутоа, многу побрзо и да се затвори. Исто така, политичките причини се главни за влезот во монополските индустрии на странските инвеститори. Тие инсистираат на влез во монополски индустрии, индустрии коишто даваат сигурен профит на подолг рок“

изјави Мише Узунов од Центарот за економски анализи, а професорот Ванчо Узунов додава:

„Прво оние делови каде што производството е врзано со домашни суровини, тие се веќе зафатени. Тоа се мермерот, гипсот, цементот, така што нови инвестиции во сегменти на производството врзани за добра суровинска подлога во Македонија веќе не може да се очекуваат многу. Друг вид на инвестиции би бил врзан за нешто што кај нас би можело да биде привлечно, а тоа може да биде работна сила, и тоа висококвалификувана. Ние, очигледно, тоа го немаме. Кај нас споредено со соседните земји, работната сила – и висококвалификуваната, и средноквалификуваната – е прво поскапа, друго е помалку продуктивна и трето веројатно е и помалку дисциплинирана, иако тоа не сакаме да го признаеме“

вели Узунов.

За колку долго ова ќе се смени?

„Многу долго, бидејќи вие не можете да ги смените навиките и квалификациите на краток рок“
„На среден рок можеби ќе се зголеми тој сооднос“


сметаат аналитичарите.
XS
SM
MD
LG