Достапни линкови

Време е за резултати


Македонија излезе од уште еден процес на изборот на новата влада. Истите вистини повторно ги учеше по неколку пати. Ќе се повтори ли веќе научената лекција дека општеството останува во затворената ориентација, во која оној што не е како нив, на партиите ќе им се чини дека е против нив. Или ќе има поместување на фокусот на поединецот. Дали по овој изборен натпревар публиката ќе има кому да му аплаудира, како во случајот на Светското фудбалско првенство.

Професорот Илија Ацески од Филозофскиот факултет во Скопје вели: подолго време луѓето кои се надвор од партискиот ангажман, кај на се како публика:

„Ќе имаат и понатаму публика, но сега немаат на кого да аплаудираат. Тоа е проблемот, тоа што е нема публика која посматра. Затоа што пристапот кон центрите на одлучување, онаму каде што се креира животот, за нив не се достапни. Тоа го диктира и самиот систем на избори. Победуваат големите партии. Па, кога е таков системот и кога победуваат големите партии, не стануваме свесни дека останува една цела голема армија на луѓе кои го немаат тој пристап. На пример, во една развиена демократија тоа би било бесмислено“

Тоа се претвора во легитимитет на припадност, наместо место во кое секој ќе се чувствува како припадни, велат граѓаните.

„Политиката направи ние луѓето сега да се делиме меѓу себе, а притоа да не сме објективни. Ако јас сум за една партија и ако таа партија не работи како што треба, тогаш треба да се исклуам од таа партија а не да одам по нејзиното мислење“

„Ми се чини, би требало да се смири сето тоа веќе сега. Препуштени сме на стихија – како ќе биде, биде. Јас мислам дека тоа веќе нема да го има“

Во меѓувреме, во фокусот на животот на луѓето се секојдневните економски трендови, кај нас и во светот. Порасна цената на бензините, ќе се намалат ли, на пример, даноците, како што се ветуваше?

„Луѓето тоа што изгласаа – изгласаа. Сега ќе чекаат резултати. Треба да се намалат и даноците, а новата влада треба малку у стндардот да го подобри“
XS
SM
MD
LG