Достапни линкови

Средба на пониско ниво меѓу претставници на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ


Претставници на ВМРО-ДПМНЕ и Демократската Унија за интеграција синоќа оствариле средба на пониско ниво, информираат од партијата на Ахмети. Иако од ВМРО-ДПМНЕ вчера најавија преговори помеѓу лидерите на двете партии, од Демократската Унија за интеграција велат оти немаат такви информации.

„Немам таква информација и не сакам да шпекулирам. Информација имаме дека синоќа се сретнале на пониско ниво и засега е тоа“

изјави потпретседателот на ДУИ, Рафиз Алити

Потенцирајќи дека ДУИ е легитимниот претставник на Албанскиот народ во земјава кој треба да бидат дел од составот на новата Влада. Дали има простор за коалицирање со ДПА?

„Прво треба да се усогласат нашите платформи“

изјави Алити

Демократската унија за интеграција е партијата која го освои мнозинството кај албанското гласачко тело и во ред е со неа да се преговара за нејзино вклучување во идната Влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Не се работи за никакви притисоци од надвор
и победничката партија е таа што одлучува дали и со кого ќе ја формира новата Влада, вели Ефтим Манев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Такви притисоци нити до тој степен ги има. Може да има укажувања, но не може никој да изврши таков притисок“
Од ВМРО-ДПМНЕ вчера соопштија дека првичните разговори со лидерите на НСДП, ДПА, ДОМ и ПЕИ, покажале позитивни сигнали за формирање на идната Влада со што коалицијата За подобра Македонија би имала вкупно 64 пратеници. Во меѓувреме, 45-те приговори од пет партии и коалиции, во врска со гласањето и резултатите од изборите, Државната изборна комисија ги одби како неосновани.

„Според член 148 од законот, против одлуката на ДИК може да се поднесе жалба до Врховниот суд на Република Македонија во рок од 48 часа од приемот на решението. Жалбата се поднесува преку Државната изборна комисија“

изјави портпарлот на Државната изборна комисија, Зоран Таневски 48 часа од поднесувањето на жалбите, Врховниот суд треба да им одговори на подносителите на жалбите.
XS
SM
MD
LG