Трендовите на лошата социо економска ситуација во земјава, проследени со масовно незадоволство и делегитимација на институциите на државниот систем веке подолг период се прилично негативни, се вели во извештајот на УНДП за последните три месеци во кој се додава дека сепак државата е политички реативно стабилна, а паралелно со тоа успешно одолева на на прв поглед реалната можност во државава да зацарува популизмот и да ги истисне демократските институционални патишта за развој на општеството. Истражувањето на јавното мислење од УНДП вели дека околу шеесет проценти од испитаниците мислат дека земјава се движи во погрешна насока. Сашо Орданоски кој работеше на политичката состојба објаснува дека еден од факторите за популизмот е да постои лидер, а кај нас има криза кај лидерството. Тоа го поткрепуваат резултатите од истражувањто според кои недовербата кај лидерите и политичките партии се движи од 70 до деведест проценти
„Охридскиот рамковен договор е добра база за тоа, меѓутоа мислам дека треба поголема решителност особено кај политичарите и нивните партиски другари. Тоа е неопходно бидејќи има загрижувачки трендови. Во испитувањата што ги правиме, поделеноста е се уште постоечка и не е мала“.
изјави Орданоски. За социо еконмскиот дел Абдулменаф Беџети посочува дека и покрај некои позитивни трендови како намалување на каматнните стапки, зголемување на девизните резерви нема позитивен развој. Тој говори кои се клучните проблеми.
„Најизразени компоненти на влоѓување, тоест зголемување на невработеноста, како најголем проблем, потоа сиромаштијата, следствено на тоа и корупцијата“
Дека невработеноста е проблем посочи и Мариа ЛуисСилва Мехијас постојан претсетавник на УНДП во Македонија
„Речиси 70 проценти од испитаниците чувствуваат дека невработеноста е најголем пробле, 58 се плашат дека ќе ја загубат работата. Кога станува збор пак за безбедноста околу 65 проценти од испитаниците велат дека секогаш се чувствуваат безбедно во нивната заедница, а како најголема закана за безбедноста или околу 30 проценти го посочуваат уличниот криминал.“