Достапни линкови

Почеток или борба против организираниот криминал?


Во изминативе денови Црна Гора ја потресуваат стопански афери. Во нив се најдоа и големите претпријатија како Монтенегро Ерлајнс, Никшичката железарница, Инпек. Имено против челните луѓе во тие фирми се поднесени кривични пријави поради злоупотреба на службената. Во колкава мерка станува збор за почеток на борбата пртив организираниот криминал?

Политичарите во Црна Гора со извесна резервираност ги поддржуваат најновите акции на полицијата и на обвинитилството. Од друга страна експертите сметаат дека тоа е обид на власта да се претстави по подобро светло. Во Социјалдемократската партија која е помал дел во владејаќката коалиција сметаат дека тоа е вистинскиот пат за елиминација на активностите кои се карактеристични за земјите во транзиција:

„Она што го очекува Социјалдемократската партија е пред се брза и соодветна интервенција на судовите каде што постапките не смеат да траат претерано долго.“

Вели портпаролот на партијата Бранислав Радуловиќ. Либералите пак, сметаат дека е прерано да се донесуваат заклучоци дека државата тргнала во борба против организираниот криминал во Црна Гора. Претседателот на оваа партија Миодраг Живковиќ вели дека постојат причини за воздржаност поради однесувањето на истите државни органи до неодамна.

„Се ова треба добро да се следи. Секако дека имало злоупотреби на службената положба и во овој и во периодот пред тоа.“

И опозиционата Социјалистичка народна партија изразува длабока резервираност, оценувајќи дека е индикативно тоа што се се случува само на два месеца пред редовните парламентарни избори и еден месец по референдумот. Сепак едно од главните прашањае тоа дали може да се случи оној што е осуден за огромна кражба, по неколку години затвор, да си ужива во своето богатство до кое дошол незаконски. Еве што за ова вели адвокатот Никола Булатовиќ:

„Сегашното кривично законодавство предвуда механизми за одземање на имотот. Ако сака да се оди докрај постојат начини. Но, патот до тоа е долг и многу е тешко да се дојде до таква пресуда.“

Коментирајќи ги последните апсења и кривичните пријави против раководителите на повеќе црногорски фирми, полицискиот експерт Марко Ницовиќ вели дека тоа може да значи оти црногорската власт решила да се претстави во подобро светло:

„Бидејќи во таа смисла естаблишментот во Црна Гора сепак нема некаков особен углед на Запад. Поради тоа, со ваквите активности се прави обид за раскинување со минатото, односно да се покаже дека заедницата со Србија всушност била пречката за тоа што државата не е организирана како што треба.“

Вели Ницовиќ, кој не ја исклучува можноста дека и Европската Унија го зголемила притисокот врз црногорските власти за поцврста борба против организираниот криминал.
XS
SM
MD
LG