Достапни линкови

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски повика на одржување фер и демократски избори


На неколку часа пред почетокот на предизборниот молк претседателот на државата Бранко Црвенковски се обрати до јавноста и ги повика граѓаните на 5 јули да излезат и да гласаат, а пак до лидерите на партиите упати апел за одржување на фер и демократски избори. Од државните институции пак кои се вклучени во изборниот процес Црвенковски побара да работат според Уставот и законите и како што рече, чесно и одговорно:

„Овие избори нема да го дадат одговорот само на прашањето, кој и со каков легитимитет ќе ја води државата во наредните четири години. На 5-ти јули Македонија треба да покаже дека има капацитет и демократски потенцијал да го продолжи понатамошното интегрирање во ЕУ и НАТО. Токму заради тоа огромна е одговорноста на сите, но пред се на лидерите на политичките партии. Ги повикувам да се соочат и да ја преземат таа одговорност. Ги повикам да направат се за на 5 јули да имаме фер и демократски избори, да имаме вистински празник на демократијата.“

изјави Црвенковски и додаде дека партиите независно дали се победници или поразени треба да ги прифатат резултатите достоинствено.
Неодамна пак околу 40 интелектуалци ги повикаа граѓаните на бојкот на изборите поради како што наведоа, неодговорното однесување на политичарите и инцидентите кои се случуваа во првиот дел на кампањата. Претседателот Црвенковски пак, со спротивен став:

„Не учеството на изборите не ја симнува одговорноста од никого, ниту пак е лесно на совеста некому. Затоа почитувани граѓани, излезете и гласајте.“

Денеска завршува дваесет дневната изборна кампања во која партиите преку митинзи, средби, реклами на медиумите, билборди и плакати по улиците се обидоа да ги освојат симпатиите на граѓаните. Иако првиот дел од кампањата почна со инциденти особено во албанскиот блок, сепак на крајот сите партии се задоволни и своите активности ги оценуваат како успешни:

„Во рамки на нашите изборни активности, заедно со нашиот завршен митинг што планираме да го одржиме во Куманово, сме задоволни од нашите активности.“

„Ние сме исклучително задоволни од изборната кампања, од она што ние имавме да го понудиме како програма, како решенија за граѓаните на Македонија.“


Велат Илија Иљоски од СДСМ и Оливер Шамбевски од ВМРО ДПМНЕ.
И Џевад Адеми од ДУИ со позитивна оцена за она што тие го сработеле овие денови:

„ДУИ изразува задволство од контакот што го воспоствивме не само со нашите симпатизери, туку и со граѓаните.“
XS
SM
MD
LG