Достапни линкови

Целта е ослободување на заробениот израелски војник


Израелските тренкови и трупи ноќеска влегоа во јужниот дел на Газа што преставува прва копнена офанзива откако Израел се повлече од оваа територија минатата година. Целта е ослободување на киднапираниот војник пред три дена од палестинските милитанти и, како што е соопштено Израел нема намера да остане во Газа.

На копнената офанзива и претходеа воздушни напади во кои беа погодени два моста и електрична станица при што целото подрачје остана без струја. Израелскиот министер за инфраструктура Беџамин Бен Елиезер изјави дека Израел нема намера да остане во Газа. Тој за израелското радио рече дека целта е да се пронајде и ослободи израелскиот војник Гилад Шалит киднапиран од палестинските милитанти пред три дена. Портаролот на израелското министерство за надворешни работи Марк Регев за ројтерс изјави

„Ние чекаме извесно време за нашиот војник кој беше заробен од палестинците да биде ослободен. Ние имаме морална обврска кон него, неговото семејство и другите израелци кои се во национална служба, да сториме се за да го ослободиме.“

За таа цел порача премиерот Ехуд Олмерт, Израел нема да се воздржи и од екстремни мерки и активностите во Газа ке продолжат и во наредните денови. Израелската армија претходно се распореди на границата со Газа откако три палестински фракции, меѓу кои и военото крило на Хамас го киднапираа војникот. Следеше израелски ултиматум од 48 часа палестинците да го ослободат војникот. Лидерот на Хамас Низар Ријан бараше од неговите борци да се борат против Израел. Палестинските милитанти на Народниот Комитет на отпорот во меѓувреме се заканија дека ќе убијат еден израелски доселеник доколку израелската армија ја продолжи офанзивата. Станува збор за Елија Ошри чие семесјтво пријави дека е исчезнат. Од друга страна движењето на палестинскиот претседател Махмуд Абаз – Фатах соопшти дека постигнало согласност за значителен број прашања со владеачката партија Хамас,меѓу кои за правата на бегалците, обединета влада, и преговорите со други земји. Во документот се вели дека договорот се базира на не легитимноста на окупацијата што пкажува како Хамас сега гледа на Израел. Преставници на Хамас изјавија дека во документот кој повикува и на воспоставување палестинска држава не се имплицира признавањето на Израел. Портпаролот ан Белата Куќа Тони Сноу го искажа ставот на Вашингтон за овој документ.

„Нашата позиција за признавање на владата на Хамас е дека тие треба да ја прифатат позицијата на Квартетот медиатори. Уште еднаш. ние можеме да избришеме од меморија се доколку Хамас го признае Израел, го отфрли теророт и ги прифати минатите договори. Тоа се предусловите.“

Сепак според многу посматрачи, овој документ би можело да води кон признавање на Израел нешто што Хамас постојано го отфрлаше досега.
XS
SM
MD
LG