Достапни линкови

Прифатен извештајот за осомничените тајни затвори


Парламентарното Собрание на Советот на Европа денеска во Стразбур го прифати извештајот на Дик Марти за Осомничените тајни затвори и незаконски меѓу државни трансфери на затвореници во кои се вмешани и членки на Советот на Европа. Во извештајот идентификувани 14 европски држави, меѓу нив и Македонија, им дозволиле на американски тајни агенти да оперираат на нивни територии

Швајцарскиот парламентарец Дик Марти го презентираше неговиот извештај за тајните затворски центри и незаконски меѓународни трансфери на притворени лица во кои се вмешани и членки на Советот.

„Да или не? Дали луѓе биле затворани во Европа од странски агенти? Одговорот е ДА. И тоа е јасно утврдено од судските власти.“

Станува збор за 30 до 50 лица, вели Марти во извештајот. Во ист стил потврдно,Марти реторички си одговори и на прашањето дали надвор од судски процедури се префрлани лица на агенти на Соединетите Држави. Денеска поентата не е да изразиме осуда и во резолуцијата не се прави тоа, порача известителот Дик Марти.

„Поентата е да речеме дека не сакаме тоа повеќе да ни се случува во Европа и посебно да нагласиме дека сме посветени во борбата против тероризмот. Но тоа сакаме да го парвиме со пригодни мерки. Терористите сакаат да ги уништат нашите вредности. Не смееме да дозволиме самите да го отфрлиме нашите вредности низ прозорецот.“

Европскиот министер за правда Фарнко Фратини изјави дека Европската Комисија ја подржува работата на Советот на Европа и истрагата на Сенаторот Марти како и на генералниот секретар Тери Дејвис. Во врска со извештајот на швајцарскиот сенатор Дик Марти на Парламентарното Собрание на Советот на Европа Франко Фратини изјави.

„Целта на извештајот не е да се обвинат посебни држави. Главната цел е да се обезбедиме дека вакви активности во иднина нема да се повторат.“

Фратини побара натамошна истрага и поголема парламентарна супер визија врз европските разузнавачки служби. Соединетите држави отфрлија било каков лош третман или тортура на осомничени терористи и наведоа дека не е прекршен ниеден европски закон.
XS
SM
MD
LG