Достапни линкови

Партиските кампањи се погрешни и ,,тешко,, дека ќе ги привлечат неопределените, велат експертите


Резултaтите од повеќето истражувања на јавното мислење покажуваат дека околу триесет проценти од граѓаните се неопределени. Дали кампањите што ги водат политичките партии, средби со граѓаните, гледаат натпревари од светското фудбалско првенство со нив во кафулињата, митинзите и слично, можат да придонесат да се привлечат неопределените? Аналитичарите сметаат дека политичарите со ваквите кампањи може да изгубат и дел од гласачите кои ги имаат, а не да придобијат нови од оние неопределените:

„Ова што се случува во последно време со нагорно ,,симнување,, меѓу граѓаните, веќе станува не само терор, туку и многу дегутантно, затоа што на извесен начин покажува дури и непочитување на интелегенцијата на граѓаните на Македонија, а тука се и нереалните ветувања и една изнасилена блискост кон граѓаните. Ми се чини дека ова е контрапродуктивно бидејќи со оваа изнасилена блискост со граѓаните, ќе ги изгубат и оние што ги имаат.“

Изјави Билјана Ванкоска од Институтот Евро Балкан која додава:

„Сите овие манифестации се згуснуваат како се приближува крајот на кампањата и со оглед на тоа дека има многу претенденти за политичките функции, а Македонија е мало место, значи дека ,,играат,, многу погрешно.“

Погрешно однесување на политичките претставници, вака професорот од Државниот тетовски универзитет Осман Кадриу, ги коментира кампањите на партиите. Тој вели:

„Сегашното однесување на политичките партии покажува дека се користат одредени методи со кои се врши директно влијание врз граѓаните во нивната слободна определба при гласањето. Изборна кампања мора да постои бидејќи таа е составен дел од изборите, меѓутоа формите и средствата што оделни политички партии ги користат навистина го доведува во прашање целиот изборен процес.“
XS
SM
MD
LG