Достапни линкови

Економијата и иранската нуклеарна криза, главни теми на разговорите


Во Виена утре ке биде одржан американско - европски самит. Во фокусот на американскиот претседател Џорџ Буш и државниот секретар Кондолиза Рајс и европските лидери се многу теми од економијата до иранската нуклеарна криза. Меѓутоа, како што велат аналитичарите, настанот ќе биде можност за Вашингтон и сојузниците да ги потврдат добрите односи по периодот на затегнатите транс - атлански врски.

Двете страни на две одвоени средби, најпрвин само лидерите, а потоа и на отворената пленарна седница имаат широк спектар на теми. На правата на Буш и Рајс со домаќинот австрискиот канцелар Волфганг Шисел, претседателот на Европската Комисија Хозе Мануел Баросо и евро комесарот Хавиер Солана во фокусот е Иран и други регионални прашања. На отворената пленарна седница на која, покрај лидерите се и советниците и други официјални лица теми се промовирање на мирот, демократијката и човековите права. Посебно фокусот е на Блискиот Исток, Балканот, замрзнатите конфликти и Африка. Меѓутоа, една тема се очекува да биде константна на сите срдби а таа е американско - европските односи за кои велат дека се добри пон периодот на затегнатост. Позицијата ан Вашингтон – советникот за анционална безбедност Стивен Хедли.

„Претседателот јасно порача дека, според неговите зборови, Америка подржува силна Европа бидејки ни треба силен партнер во унапредувањето на слободата во светот.“

Европскиот став, за Радио Слободна Европа, го пренесе портпаролот Ема Удвин, која рече дека периодот на тензии вклучувајки ги и оние за Ирак се минато.

„Многу е јасно дека течките моменти кои ја следеа ирачката војна се зад нас и сега односите се топли, атмосферата меѓу европската Унија и Соединетите Држави е конструктивна. Овој самит е можност да минеме успешно низ многу теми на кои работевме заедно.“

Има промена во тонот на Бушовата администарција во вториот мандат и реципроцитет на европската страна и сега двете страни работат заедно на Иран, смета аналитичарот Тим Вилијамс од Кралскиот Институт во Лондон. Аналитичарот Дана Алин од Меѓународниот институт за страгиски студии од Лондон вели.

„Имаше година и пол напори за подобрување на односите кај двете страни, бидејки во првиот мандат на Џорџ Буш тие погледнаа во амбисот на атланцизмот и мислеа дека е премногу страшно. Тоа е европскиот случај. Во американскиот случај пак тоа беше дека Соединетите Држави ослабнаа во зиминативе пет години на толку многу фронтови така што очигледно дека им треба да ги поправат односите со сојузниците.“

Но тоа не значи дека разликите целосно исчезнаа. Останаа критиките по истрагата на Советот на Европа и Европскиот Парламент за вмешаноста на ЦИА со затворањето осомничени терористи низ европски држави, што предизвика кртицизам за тоа како Вашингтон во војната со теророт балансира со човековите права.
XS
SM
MD
LG