Достапни линкови

Може ли Кинезите да го повторат успехот на Јапонија и Јужна Кореа?


Кина се подготвува да влезе на светскиот пазар на автомобили, со возила за кои се очекува да бидат поефтини од еквивалентите модели во светот. Кинескиот обид е последен во 40 годишната азиска историја која започна во Јапонија и Јужна Кореја. Можат ли кинезите да се надеваат на сличен успех?

Кога Кина започнува да истражува нов индустриски секотор, фабриките во светот се загрижуваат. Кина од производител на ефтини играчки стана економски гигант, со извоз, кој со исклучок на високата технологија е конкурентен со цените и квалитетот. Сеаг кинеските автомобилски компании се загреваат за светскиот пазар. Две од нив приватни компании Џили и Чери планираат во 2008 да ги престават своите модели на најголемиот и најконкурентниот пазар на светот во Соединетите Држави. Но тоа нема да биде лесно, вели Марк Бурса британски авто аналитичар. Тој вели дека една кинеска фабрика започна да извезува во некои европски земји минатата година.

„Тие направија независен тест на авто судар и беше тотално смртоносен. Куклата беше катапултирана низ прозор и такви работи.“

Јасно е дека, вели Бурса, Кинезите ќе мора да работат на остварување на безбедносните и квалитетните стандарди, меѓу кои и контролата на издувните гасови. Со ова се согласува и Алишиа Веб аналитичар со седиште во Пекинг.

„Ако го погледнете Чери и како го одложуваат преставувањето во Америка, ќе видите дека не се подготвени ни во смисла на дизајнот ни технологијата.“

Но Бурса, вели дека Кинезите забрзано се движат и користат странска дизајнерска помош. Малку е познат фактот дека кинезите имаат 270 различни модели автомобили што домашни, а некои и на меѓународни компании како Џенерал Моторс, Волксфаген, БМВ, Форд, Сузуки и Хјундаи.

Заменик извршниот директор на Џели Ан Конгџуи вели дека неговата компанија го прифаќа предизвикот на рекордно високите цени на нафтата на светскиот пазар.

„Промените на цените секако имаат голем импакт врз автомобилската индустрија. Ние ќе мора ад работиме на заштеда на енергијата според барањата на новите стандарди, како и безбедноста, комфорот и дизајнот на нашите автомобили. “

Аналитичарите велат дека кинеските производители ќе ги користат стандардните начини за влез на нови пазари а тоа се намалени цени и подобрени стандарди на нивните автомобили за да се надмине недовербата кон нив. Но ќе оди тешко. Алишија Веб аналитичарот од Пекинг не очекува кинезите да станат голем глобален играч во следните пет години. Но таа вели тоа сигурно ќе се случи за една деценија.
XS
SM
MD
LG