Достапни линкови

Повик до косовските лидери да работат на создавање демократско мултиетничко општество


Шефот на меѓународната администрација на Косово данскиот дипломат Сорен Јесен Петерсен деновиве и официјално ја напушта функцијата и поради семејни причини заминува во Вашингтон. На Косоварите им порача да продолжат да работат врз создавање демократско мултиетничко општество. Белград неговото заминување го одбрува затоа што смеат дека лобирал за независност на Косово.

Сорен Јесен Петерсен ги отфрли тврдењата дека заминува од Приштина поради критките на Хашкото обвинителство за недоволна соработка при испорачувањето на албанците осомничени за воени злосторства. Според лондонски фајнаншенел Тајмс за неговата работа приговарале повеќе агенции на Обединетите Нации. Како и да е, Петерсен смета дека судбината на Косово е јасна се додека курсот е создавање демократско мултиетничко општество. Шефот на УМНИК е уверен дека на тој пат косоварите ќе ја имаат подршката на Кфор и

„Мојата порака и повик до косовските лидери е да продолжат да работат и да не запираат за да го остварат сонот на Косово. Сите знаат кој е тој сон а јас тука не сакам да го споменам.“

Петерсен изјави и дека се потврдува тоа што го мислел уште на почетокот оти без решавање на прашањето на Косово нема стабилност на Балканот. На Косово речиси сите политички субјекти на албанците му се заблагодарија на Петерсен за неговата работа. Според мислењето на официјален Белград и српските аналитичари неговото заминување нема да влијае врз утврдувањето на статусот на Косово. Тие велат дека Петерсен со своите настапи често ги надминувал рамките на мисијата која ја предводел. Претседателот на одборот за Косово и Метохија во Српското Собрание Душан Пророковиќ смета дека е индикативно што и неколкуте негови претходници ја напуштија функцијата пред завршување на мандатот.

„Мислам дека е тоа прашање за оние луѓе кои ги именуваат на тоа место, значи и за генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан. Очигледно тие луѓе поднесуваат оставки дали поради различни видови притисоци дали поради лоши резулати во работата. Одењето на Пересен и доагањето на некој друг се сомневам дека може да смени нешто на внатрешен план, а тоа со преговорите за статусот сигурно нема врска.“
XS
SM
MD
LG