Последниот случај на примање поткуп од професор во Струмица за да поправи оценка на девет ученици пред крајот на учебната година е класичен случај на корупција, велат од Антикорупциската комисија. Според нејзиниот претседател Михајло Маневски , овој случај е доказ за присуството на корупција во образованието и истиот треба да биде во интерес на надлежниот јавен обвинител.
„Ќе реагира надлежниот јавен обвинител, кој ќе покрене кривична постапка, примање на поткуп, заради извршување кривично дело,“
објаснува Маневски
Родителите кои ги прашавме дали би дале пари за да поправат оценка на своето дете, категорично ја отфрлаат ваквата опција.
„Зошто да дадам? Нека си учи детето.“
„Никогаш.“
„Моите две ќерки колку заслужија толку.“
Повеќето анкетирани се согласуваат дека просветните работници кои побарале пари за поправање оценка треба да бидат казнети.
„Треба да се казнат најстрого!“
Сепак има и такви кои велат дека доколку се финансиски моќни, би размислиле за можноста за давање на одредена сума пари или пак би се послужиле со пософистициран облик на благодарност за услугата.
„Некој пијалак, алкохол, едно виски да го почастам.“
„Не би се осудила, затшо немам пари, а кога би имала ќе размислам.“
И студентите, потврдуваат дека постои корупција во образованието. Двете поранешни средношколки кои ние ги прашавме велат дека отсекогаш било сомнително
поправањето на двојка во петка на крајот на учебната година.
„Има, како нема, се знае дека има.“
Од антикорупциската комисија велат дека примањето на поткуп за добивање на преодна оценка која не е заслужена се смета за тежок случај на корупција и оние кои го прават тоа треба да одговараат за своите постапки.