Достапни линкови

Низата од три шестки, според верувањето е знак на Ѓаволот


Денеска е шести јуни две илјади и шеста, или шести ден во шестиот месец од шестата година на новиот милениум. Ваков ред на шестки се случува еднаш во илјада години па и поради тоа вреди да се спомене. Сепак, според верувањето во поголем број западни земји постои уште една работа вредна за потсетување. Имено, низата од три шестки, според верувањето, е знак на Ѓаволот.

Ако сакате да биде застрашувани денеска е најдобриот ден во илјада години. Трите шестки се број на ѓаволот или Знак на чудовиштето. Евангелистите во дваесетина земји денеска одржуваат дваесет и четири часовни молитви за да се заштитат од Антихристот. Се уплашивте ли? Ако одговорот е негативен тогаш без страхување, постои цела индустрија која ќе ви помогне во тоа. Холивуд денеска ја пушта во отек новата верзија на еден од најуспешните хорор трилери ,,Оумен,, кој за прв пат беше снимен пред триесет години.
Оумен, очекувано е за ѓаволот. Поконкретно за ѓаволот кој доаѓа да живее во едно семејство олицетворен во нивниот мал син. Секако, секое семејство има денови кога нивните деца се вистински ѓаволи, но овој пат тоа е многу позастрашувачки. Од друга страна и фановите на хеви метал музиката велат дека денеска бил нивниот ден. Познатата рок гропа Слајерс го одбраа денешниот ден за почеток на нивната турнеја.
Па, што има во трите шестки што ги поттикнува луѓето да ги поврзуваат со Ѓаволот? Научниците велат дека врската по се изгледа е во нивното спомнување и во стариот и во новиот завет на Библијата. За многумина бројот од три шестки е предкажување за пропаст на светот.

„Целото откровение е полно со симболизам и во раниот христијански период луѓето живееле со симболизам. И тогаш, а посебно не сега сето тоа има нешто со реалноста.“

Вели доктор Луц Доеринг, професор по теологија на Кралискиот колеџ во Лондон. Некои верски историчари сметаат дека трите шестки се кодирано име за римскиот император Нерон познат по тоа што ги прогонувал и убивал христијаните. Сепак, суеверието се уште е големо. Дури многу големи фирми одбегнуваат овој број да го спомнуваат во нивните производи. Така беше со произведувачот на компјутери ИНТЕЛ кој пред седум години го пушти во продажба Пентиум три кој имаше шестотини шеесет и шест мегахерци. На пазарот беше рекламиран како пентиум со шестотини шеесет и седум мегахерци. Дури и постои израз за стравот од три шестки: Шестотини шеесет и шест фобијата. Тоа е добро да се знае ако наеднаш денеска почувствувате мала нервоза, а не знаете зошто.
XS
SM
MD
LG