Достапни линкови

Се продаваат државните акции во Телеком


Од денеска на македонска берза владата започна со продажба на државниот дел од акциите кои што ги има во Македонски телекомуникации.Со акциите чиј овластен продавач е министертвото за економија ке се тргнува секој ден до крајот на неделава а тие ке се продаваат во пет различни пакети.Почетната цена на акција е 6,36 евра по средниот курс на народна банка објаснува Елена Јакимовска Петровска извршен директор во берзата

„Она што се нуди се четири пакети по 9,90 насто. Секој пакет се состои од 9 милиони акции коишто се продаваат по принципот се или ништо. И еден дел од 5,52 насто, односно околу 5 милиони акции коишто се продаваат со можност за купување на парче.“

вели Петровска и додава дека засега единиствениот познат заинтересиран купувач се Македонски Телекомуникации кои сакаат да купат 10 отсо од акциите
Државата поседува оклу 47 отсо од акциите што во пари би знаечело речиси 287 милиони евра. Раководителот на одделението за приватизација во министерството за економија Слободан Шајновски објаснува дека со договорот за продажба мегу државата и сегашниот сопственик на 51 процент од акциите Матав се прецизира дека повеќе од 10 отсо од акциите не можат да бидат продадени на еден купувач ниту пак на конкурент од истиот бизнис. Тој додава дека со овој потег очекуваат либерализаија на пазарот

„Државата на овој начин се ослободува од двојната улога и интерес како акционер и регулатор.“

Мината недела пак на берзата се продадоа градкиоте аптеки и уделот на ПИОМ во фирмите.Во јавноста се појавија критики дека сетро ова се прави на еден месец пред иборите. Шајновски тврди дека овој потег на министетвото бил одмана планиран

„Целата процедура на подготовка на продажбата е една година, значи не се работи за мешање со предизборната кампања“

Според еконосмитот Абдулменаф Беџети пак предизборието не е најповолен момент за продажаба на ваков капитал

„Мислам дека тајмингот не е најсреќен, од аспект на престојните избори и можноста за постигнување соодветна цена на берзата.“
XS
SM
MD
LG