Достапни линкови

Дали доларот ќе зајакне?


Американскиот претседател Џорџ Буш за нов министер за финансии го наименува Хенри Хенк Поулсон. За многумина аналитичари, станува збор за човек кој, за разлика од неговиот претходник Џон Сноу, се залага за силен долар.

Шеесет годишниот Хенри Поулсон е банкар од Вол Стрит. Тој беше еден од шефовите на инвестиционата групација Голдман Сакс во која работеше повеќе од три децении.

„Во изминативе осум години Хенк беше претседавач и извршен директор на Голдман и Сакс групата. Таа е една од најценетите компании на Вол Стрит. Тој добро ги знае финансиските пазари и е способен со јасни зборови да ги објасни економските прашања.“

Изјави претседателот Буш при наименувањето на Поулсон кој, како што сметаат аналитичарите, би можело да ја врати силата на американската во однос на европската валута. Тоа на некој начин го најави и Буш:

„Американската економија е силна, продуктивна и просперитетна и очекувам да работам со Хенк Поулсон тоа така и да остане.“

На Поулсон ова не му е прв пат да влезе во политиката. Тој во почетокот на кариерата бил во тимот на тогашниот претседател Ричард Никсон. На новата функција, како што јавуваат агенциите, Поулсон ќе прима плата од двесте илјади долари. Колку за споредба тој лани во Голдман Сакс заработил триесет и осум милиони долари.
XS
SM
MD
LG