Достапни линкови

Имињата од изборните листи кои ги соопштија партиите, се понуда на исти личности, велат експертите


Утре 30-ти мај, е крајниот рок за доставување на кандидатските листи за пратеници до Државната изборна комисија од страна на политичките партии, односно поднесување на потребниот број на потписи доколку подносител на кандидатска листа се група избирачи. Притиснати од роковите, викендов поголемите политичките партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, интензивно ги дефинираа кандидатските листи и редоследните места на листите за нивните и членовите од коалиционите партнери во изборните единици, а од активностите во албанскиот блок беше потпишана предизборна коалициона декларација меѓу ДУИ и ПДП.
Коментирајќи ја атмосферата која пред составувањето на изборните листи, владее во партиите, како и критериумот за нивно составување, професорот од Правниот факултет Саво Климовски забележува:

„Се буткаат да бидат меѓу првите места, што многу лошо говори. Се работи за најбрутална борба за гола власт и не е тоа тактизирање на лидерот бидејќи тој се обезбедил веќе и тој си го нашол својот „вилает“ меѓу тие шест изборни единици во Македонија бидејќи тој е прв и ќе биде избран, но проблемот е за останатите или пак за оние мали коалициони партнери.“

Зборувајќи пак, за составот и квалитетот на кандидатите за кои граѓаните ќе можат да гласаат на петти јули, експертите лоцираат неинвенитвност и понуда на сосема исти лица на кандидатските листи на речиси секоја партија:

„Ова покажува уште нешто друго, ако вие одите со истите лица кои што го носат времето на власта со сите позитивни, а повеќе негативни страни тогаш тоа значи дека нешто не е во ред со демократските процеси во партијата и воопшто во партиите бидејќи ги гледаме истите личности и кај Георгиевски и кај Груевски, а да не зборуваме за Бучковски.“

Вели професор Климовски.
Во Државната изборна комисија потенцираат дека редоследот на листите за пратеници се утврдуваат во политичките партии или пак групата избирачи, а ДИК е надлежна само за проверка на техничките податоци кои тие се должни да ги достават до Комисијата.

„Доколку листата на кандидати содржи одредени пропусти, му се враќа на подносителот на листата кој има 48 часа да ги исправи или корегира.“

Истакнува Зоран Таневски портпарол на ДИК.
XS
SM
MD
LG