Достапни линкови

Потребно е повеќе практична работа


Дванаесет години основно и срЕдно образование а потоа уште најмалку 4 за високо. И прашањето на многу студенти кај нас што потоа? Повеќето фирми во огласите за работа бараат и практични занења, а студенти велат со нив на факултетите речиси и да немаат допир. Снежана Илиевска е од скоро дипломиран еконимсит и бара работа. За нејзиното искуство од образованието вели

„Ние сме теоретски добро потковани, праксата ја има минимално. Студентите се снаоѓаат по студентски организации, добиваат искуство во организациски способности, но нема организирана пракса на факултетите.“

Од своето искуство пак недостигот на пракса кај македонските студенти го потврдуваат и стопанстевниците.Преставникот на Австриската ИТ компанијата Хермес плус Валентина Чапова Несторовска објаснува дека за нивната дејност најмногу им одговараат студентите од електротехничките факултети и доколку ги вработуваат тие им озвоможуваат и дополнителни курсеви

„Сите што ја поминале обуката, на крај испаднале квалитетни кадри, но кога ќе излезат од факултет не се спремни.“

Но сепак додава Чаповска поминува одреден период додека тие се подготват за предизвиците во секојдневната работа

„Треба од шест месеци до две години, за кадарот да стане продуктивен.“

Студентите пак од Архитектонскиот факултет поминуваат денови во цртање на програми но сепак професорот Владо Поповик објаснува дека и на нивниот факултет праксата не е доволно застапена.

„Работата е практична, но тешко се поклопува со економските процеси и надворешниот начин на живот.“

Денеска по повод денот на словенски просветители Кирил и Методиј чие име го носи и скопскиот универзитет студентите во стопанската комора се сретнаа со можните идни работодавци. Тема на нивната дискусија се токму практичните знаења. За нив долго време се говори во јавноста како дел од реформите во образованието.
XS
SM
MD
LG