Достапни линкови

Враќање на независноста или опстанок на заедницата со Србија?


Во Црна Гора утре се одржува референдум за тоа дали останува во сојузот со Србија или ќе биде независна. Европската Унија најави дека ќе ја признае Црна Гора за држава доколку пеесет и пет проценти од излезените гласачи се изјаснат за незвисност. Нивниот одѕив треба да биде над пеесет насто. Референдумот е емоционален момент за граѓаните на Црна Гора кои веќе имаат сопствена валута.

Изборот пред гласчите на Црна Гора е едноставен да или не за независна држава. Владата, предводена од Мило Ѓукановиќ е за отцепување од Србија. Ѓукановиќ вели дека станува збор за исправување на историјата односно за враќање на суверенитот на Црна Гора што го уживаше пред таа во илјада деветстотини и осумнаесетата година да влезе во заедничката држава со Србија.

„Црна Гора нема да исчезне. Црна Гора ќе опстане и ќе се врати на Цетиње како што единствено и доликува како независна и меѓународно призната држава и како среќна и богата мултиетничка заедница на сите нејзини граѓани. Европска Црна Гора, вечен пријател на Србија и добар сосед на секој.“

Но, опозицијата е против ваквата опција. Предраг Булатовиќ е лидер на блокот што ја поддржува унијата со Србија

„Одговорот ,,не,, значи да се зачува државната заедница Србија и Црна Гора, што од секогаш било сон на сите големи луѓе во Црна Гора и во Србија. Сепаратистите, без срам и страв од Господ или од народот веруваат дека историјата им дала право да создадат независна Црна Гора. Не, историјата ни го дада правото да ги спречиме во тоа.“

И двете страни се убедени во нивната сопствена победа. Но, повеќето посматрачи велат дека трката е премногу тесна за да се се смета за сигурна.

„Општетството секако е поделено. Но, она што е очигледно е дека суверенистите на своја страна ги имаат интелектуалците, културните работници, актерите, фудбалерите, додека унионистите широките маси.“

Вели Дописникот на Радио Слободна Европа Петар Комнениќ додавајќи дека се работи за комплексно прашање, особено ако се имаат предвид развиените семејни врски меѓу луѓето од двете републики кои структурно се веќе раздвоени држави: со посебни парламенти, валути, царини. Србија го употребува динарот, Црна Гора пак, под објаснување да го развие туризмот пред десет години ја воведе германската марка која сега е заменета со еврото. Но, двете републики имаат тесни верски и јазични врски, заедничка војска и дипломатија. Црна Гора и беше лојална на Србија во времето на последните војни на Балканот. Според некои анкети, четириесет и три проценти од околу шестотини и дваесете илјади граѓани велат дека се црногорци, а триесет и два насто дека се срби. Нејасно е како би реагирал официјален Белград во случај референдумот да доведе до независна Црна Гора. Сепак, српскиот премиер неделава беше јасен кога ги повика црногорците да остнат во заедничката држава која ја оцени како нераскинлива.
XS
SM
MD
LG