Достапни линкови

Законот за поттикнување на вработеноста не нуди поволности за работниците, велат стечајците


Неодамна донесениот закон за поттикнување на вработеноста не нуди поволности за работниците, тој е само покритие на Владата за олеснувањата кои им ги нуди на работодавачите реагирааат од Здружението на стечајните работници. Првиот човек на ова здружение, Стојан Стојанов вели дека тие нема да отстапат од нивните барања за добивање на паричен надомест до ново вработување:

„Незнам тоа што зборуваат дека оваа група на луѓе ќе ја вработуваат е апсурд. Нас во државава млади луѓе шетаат без работа, а они ќе вработувале луѓе над 50 години, тоа е апсурд.“

И економските аналитичари сметаат дека законот за поттикнување на вработеноста со кој се нудат одредени даночни стимулации и активни мерки за вработување е избрзан и оти истиот покажал различни ефекти во различни земји:

„Тие во многу земји даваат резултати, некаде со поголем успех некаде со помал, но сепак повторно се прави тој ефект на субституција, односно една група се фаворизира за разлика од останатите.“

објаснува Мишо Николов од Центарот за економски анализи.
Според Николов, барањата на стечајните работници со 25 години работен стаж за нивно згрижување до ново вработување не се реални, а со законските измени кои тие ги бараат се фаворизира одредена група на граѓани:

„Законот фаворизира една група граѓани, тоа се стечајците и тоа е противуставно. Друго со овој закон не се потикнуваат активните мерки за барање на работа, значи овие луѓе повеќе нема да бараат работа туку ќе станат пасивни. На крајот постоја голем број на граѓани што не се стечајци туку технолошки вишок кои велат зошто јас да немам исто право како што го има стечајниот работник.“

Од здружението на стечајците се скептични дека новиот закон за поттикнување на вработеноста ќе им донесе нови работни места.

„Ако најдат работа нека не вработат, меѓутоа ние знаеме од нашите колеги во Заводот за вработување каде има над 10 илјади луѓе што земаат паричен надоместок до вработување или пензионирање и на никој од нив не им е најдено вработување.“

Според пресметките, барањето на стечајците да добиваат месечен надомест од 5200 денари до вработување или пензионирање, ќе ја чини државата 8,5 милиони евра.
XS
SM
MD
LG