Достапни линкови

Арсенал или Барселона, Анри или Роналдињо?


Натпревар од соништата. Така го нарекуваат вечерашниот финален натпревар во Лигата на европските фудбалски шампиони во Париз меѓу Арсенал и Барселона. И не е за изнадување ако се има предвид дека и двата тима играат атрактивно, брзо и ефикасно и оти во своите редови ги имаат и едни од најголемите фудбалски ѕвезди на денешнината: Тери Анри и Роналдињо.

По се изгледа денешниот натпревар во Париз во финалето на Лигата на шампионите, едно од најпрестижните фудбалски натпреварувања во светот ќе биде спектатукларно. Земете ја Барселона шпанскиот првак за пример. Еве што за тоа кој е најдобар во тој тим вели Тери Анри од Арсенал:

„Па, целиот тим. Барселона е голем тим. Не само како што сите си велите дека ќе го спомнам Роналдињо. Тука и Ето, Меси Деко. Толку играчи во таа екипа се неверојатни. Но не се плашиме. Ќе играме наша игра и ќе видиме што ќе се случи.“

Изјави францускиот репрезентативец Анри. Сепак би било нереално да се очекува повторување на минатогодишното финале во Лигата кога англискиот Ливерпул во второто полувреме даде три гола со што го израмни водството на Милан, а потоа и победи по подоброто изведување пенали. Анри вели дека би бил пресреќен ако неговиот ја победи Барселона со здодевните еден спрема нула. Тренерот на Арсенал французинот Арсен Венгер пак очекува:

„Тоа ќе биде интересна игра, судар на два слични стила, добра техника и мобилност. Ќе биде интересно да се гледа.“

Тоа посебно ако се има предвид дека ќе настапи и Роналдињо кој е прогласен за најдобар фубалер во светот.

„Ние сме мотивирани, и не сме под стре. Имаме можност да доживееме еден од најубавите моменти, да играме во финалето на Лигата на шампионите. Не сме под притисок.“

Изјави Роналдињо од Барселона, тим кој четири пати има играно во финалето на оваа лига, а пред четиринаесет години и го има освоено пехарот на ова престижно натпреварување. Арсенал досега никогаш не го освоил овој трофеј.
XS
SM
MD
LG