Достапни линкови

Без оглед на резултатот – работите веќе никогаш нема да бидат исти


По референдумот за независност на Црна Гора закажан за дваесет и први овој месец за заедницата Србија и Црна Гора работите веќе никогаш нема да бидат исти. Ваквиот став преовладува во Белград и во Подгорица каде што се наведува дека така ќе биде без оглед на резулатот од референдумот.

Референдумот ќе значи губитничка позиција и во случај да успее, и во случај да не успее, велат некои министри во владата на Србија и Црна Гора. Тој би можел да мине без потребното мнозинство и да го замрзне распаѓањето на унијата или пак да успее со што ќе се создаде микро држава која не ја сакаат скоро половина од нејзините граѓани. ,,Мислам дека по референдумот во Црна Гора работите ќе бидат значително различни,, вели министерот во владата на Србија и Црна Гора за малцински права Расим Љајиќ, додавајќи дека стархува оти тоа би можело да ја влоши политичката клима во земјата. Србија и Црна Гора, како што се наведува во некои западни медуиуми, е се што остана од федерацијата од шест републики што беше позната како СФРЈ. Црногорската влада е за незвисна држава со образложение дека тригодишната државна заедница со Србија е неуспешна и нефункционална. Србија има седум ипол милиони жители. Црна Гора пак шестотини и пеедет илјади. ,,Доколку Црна Гора се отцепи и стане независна ќе имаме големо малцинство кое ќе живее во држава што не ја сака,, велат властите во Белград на последните испитувања на јавното мислење во Црна Гора кои покажуваат дека е мала разликата во бројот меѓу оние што сакаат и не сакаат независност. Под притисок на Европската Унија, Црна Гора ги прифати правилата на референдумот според кои, за да биде успешен треба да излезат барем пеесет насто од гласачите од кои пеесет и пет проценти треба да бидат за независност на Црна Гора. ,,Ако завршиме во таканаречената сива зона. Што значи изјаснување за независност меѓу пеесет и пеесет и пет проценти, тогаш ќе дојдеме во ситуација на агонија која ќе трае долго. Оние што сакаат независност тоа ќе го толкуваат како знак дека црногорците немаат доверба во заедничката држава со србите, сметаат експертите, додавајќи дека тоа ќе го забрза распадот на заедницата. Пронезависниот премиер на Црна Гора Мило Ѓукановиќ најави дека ќе се повлече доколку за независност се изјаснат помалку од пеесет насто. Но, како што прецизира, доколку тој број е нешто помалку од потребните пеесет и пет проценти тогаш ќе остане на функцијата за да преговора со Белград околу независноста. Специјалниот пратеник на Европската Унија за Црна Гора Мирослав Лајчак вели дека во референдумските правила не постои таканаречна сива зона. ,,Условното мнозинство е систем што постои во сите демократски држави во светот. Правилата на играта се јасни и нив сите ги прифатија. Над пеесет и пет насто значи дека референдумот успеал. Помалку од пеесет и пет насто значи дека тој е неуспешен,, изјави Лајчак. Според многумина, заедницата меѓу Србија и Црна Гора изумира. Обидите за независност на Црна Гора која има сопствени закони и која како своја валута го користи еврото, како што страхуваат извесни аналитичари, би можело да поттикне слични такви потези меѓу босанските срби и меѓу албанското малцинство во Македонија.
XS
SM
MD
LG