Достапни линкови

Недозволиво е деловна тајна да биде државен имот


Во период кога сите надлжни институции повикуваат, а јавноста очекува транспарентонт од владата премерот Владо Бучковски последните договори за продажба на државен имот вели дека се деловна тајна.Имено, тој одби да ги изнесе деталите од договорот за продажбата на Електростопанство диструбуција но и при вчерашнато попишување на меморандумот за соработка и инвестирање со америкаскиот гигант Џонсон Контролс.

„Македонија максимално ќе ги искористи нормативите што ги има, а кои во овој момент, заради фазата во кој се наоѓа договорот ќе биде деловна тајна.“

Според економистот Душан Вељковиик недозволиво е при продажбата на државен имот владата да се повикува на деловна тајна.Тој објаснува дека во економските односи секогаш страната која продава треба да се труди да ја постигне највисоката цена

„Никој не може да има аргумент дека тоа така се прави. Во нормални земји, земји кои водат сметка за националните интереси, тоа никогаш не се прави,“

објаснува Вељковик и додава дека конкретно за Елктростопанство дистрибуција и слободната еконосмка зона Бунарџик можно е странските партнери да барале делови од договорот да останат деловна тајна затоа што се работи за важни капацитети

„Нормални е странскиот партнер во купо продажбата да постигне деловна тајна. Но, од аспект на националниот интерес, тоа не е пожелно и не е добра препорака за процесот на приватизација. “

Повикувањето на деловна тајна во однос на договорите не може само по себе да се смета за коруптивно однесување-смета извршниот директор на транспарентост Македонија Слаѓана Тасева. Но сепак таа потенцира дека државните институции имаат должност кон граѓаните да бидат транспаренстни во својата работа

„Станува збор за државна сопственост, не за приватна. Ако станува збор за приватна сопственост може да разговараме за деловна тајна. Но, ако станува збор за имот во сопственост на државата тогаш треба да има поддршка кај граѓаните..“

Во мегувреме во јавноста остануваат отворени прашањата под какви услови ке гради Џонсон контролс , дали ке имаат даночни олеснувања, кој ке ја плати прекфалификацијата на работниците, дали ке им се поскапат сметките за елктрична енергија.
XS
SM
MD
LG