Достапни линкови

Економистите научно ја утвдриле повразноста на среќата со количеството пари


Американскиот комичар Хени Јангмен велеше: Што има добро во среќата? Со неа не можеш да купиш пари. Неговата шега всушност е замена на старата аксиома дека со пари не можеш да купиш среќа. Сепак, економистите научно ја утврдиле поврзаноста на среќата со количеството пари. Тие откриле дека ваквата директна релација е повеќе присутна во западните земји.

Некои истражувачи чувствуваат дека го познаваат западното општетство толку добро што тие би можеле да пресметаат во долари се, вклучувајќи ги и емоциите. Например, колку пари вреди еден среќен брак. Или истото прашање да се постави поинаку: Колку пари ви требаат за да ги компензирате несреќните чувства во лошиот брак:

„Вредноста во долари за долгорочен среќен брак е сто илјади долари годишно.“

Вели Ендрју Освалд, професор по економија на Универзитетот Ворвик. Освалд и неговите колеги составија скала за поврзаносата на парите со среќата за која веруваат дека е применлива не само за Соединетите Држви, туку и за другите економско развиени земји, како например Велика Британија. Но, во Русија, по се изгледа не може да се прес мета цената на среќата. Керол Грахам економист кој специјализирала на темата среќа во Брукингс институтот во Вашингтон открила дека луѓето кои се во брак генерално се посреќни од другите. Тоа е насекаде во светот, освен во Русија.

„Она што откриваме е дека разводод ги прави луѓето несреќни насекаде па и во Русија. Но, во таа земја бракот го нема оној позитивен ефект за среќата на еден човек како што тоа е вообичаено во светот.“

Според Грахам, тоа не може да се каже и за соседните руски земји:

„Основните одредници на среќата: доброто здравје, сигурното вработување, високи плати се стандарди и во земјите на Централна Азија.“

Освен оние што се во брак, посреќни од другите се и побогатите. Но, не секогаш. Експертите велат дека за да бидеш среќен е побитно да заработуваш, ако не многу, тогаш малку повеќе пари од она што го заработуваат твоите соседи. Ричард Истерлин, економист во Универзитетот во Јужна Калифорнија открива дека луѓето сакаат нивната среќа да ја мерат со онаа на другите. Иако заработуваат многу луѓето стануваат несреќни ако видат дека другите заработуваат повеќе, вели тој.
XS
SM
MD
LG