Достапни линкови

Од јули македонската армија во мировната мисија на ЕУ во БИХ


Во јули оваа година тим од македонската армија ќе се вклучи во мировната мисија на Европската унија во Босна и Херцеговина, со што земјава ке учествува во заедничката безбедносна политика на Унијата.

„Со тоа земаме учество и во заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ, што е особено значајно и за нашето евро интегрирање,“

изјави Билјана Аврамовска од министерството за одбрана
Дека учеството во европската мисија во Босна и херцеговина е од големо значење за македонското интегрирање во Унијата и одржување на стабилноста на Балканот смета Благоја Марковски претседател на извршниот одбор од балканскиот форум за безбедност

„Тоа е уште една потврда дека Република Македонија е цврсто одлучена да дава придонеси на ниво на ЕУ, со оглед на нејзината желба и аспирации за интеграција во ЕУ. Се надевам дека нашите структури во БИХ ќе бидат подеднакво успешни како во Ирак и Авганистан.“

Македонија ке ги обнови и мисиите во Ирак и Авганистан. Во Афганистан заминуваат стотина припадници од македонската армија, како и медецинска екипа која ке биде дел од тимот на земјите членки на јадранската повелба. Во состав на американскиот контингент во мисијата Слобода за Ирак ке замине вод за специјални намени кој брои триесет и пет припадници на македонската армија. Финансиските средства потребни за учество во мисиите делумно се од земјава, а останатиот дел е од други држави во зависност од тоа во рамки на чиј контингент е македонскиот тим, Финансиските трошоци за учество во европската мисија во Босна и Херцеговина целосно ги обезбедува Македонија.
Овие мисии несомнено ја приближуваа земјава кон НАТО, но треба да се спроведуваат и реформите и во други области

„Нормално, сето тоа треба да биде поткрепено со солиден прогрес во правдата и внатрешните работи. Значи, вклучително реформата на полицијата, судството, корупцијата и организираниот криминал, кои се основни проблеми во општеството,“

изјави Лазар Еленовски, претседател на македонскиот Евроатлантскиот совет.
XS
SM
MD
LG