Достапни линкови

Опозицијата стравува од партизирање на изборните одбори


Државната изборна Комисија продолжува со активностите и екипирањето на своите тела во пресрет на парламентарните избори. По формирањето на општинските комисии, Државната изборна комисија денеска започна со формирањето на избирачките одбори. Имено околу денешното конституирање на избирачките одбори, надлежни се општинските комисии, кои компетно беа формирани минатата недела, а ДИК само ќе пружи помош при случајниот избор на државните и јавните административци, кои заедно со партиските претставници ќе бидат дел од петчлениот состав на избирачките одбори:

„Избирачките одбори се составени од тројца членови на државната и јавната администрација и двајца членови предложени од партиите. Во избирачките одбори ќе бидат ангажирани околу 30 илјади лица.“

Изјавува Зоран Таневски портпарол на Државната изборна комисија.
На претходниот процес во кој ДИК ги формираше 84-те општински комисии, забелешки упати опозицијата. Според нив во составот на државните административци ангажирани во општинските комисии има и лица кои се партиски функционири, поради што тие се сомневаат во непристрасноста на комисиите. Опозицијата се сомнева дека исто може да се повтори и при денешното формирање на избирачките одбори:

„Како на пример еден Миланчо Успрцов за кој цела јавност знае дека пред се е партиски војник, а сега е ставен во општинска комисија, потоа до последниот пример со Липково и случајот со Јахи Јахиу. Јас се плашам дека истото ќе се повтори и при составот на избирачкиот одбор, да бидат ставени луѓе кои се партиски војници пред се, а најлошото може да се случи затоа што избирачкиот одбор е тој што непосредно ги спроведува изборите.“

Потенцира Трајко Вељановски од ВМРО ДПМНЕ. Во ДИК на ваквите обвинувања одговараат:

„Досега до ДИК стигнуваат такви информации, односно дека опозицијата има забелешки на составот на комисиите, само преку медиумите.“

вели Таневски. По денешното формирање и на избирачките одбори, Државната изборна комисија започнува со обуката на административците вклучени во нив, како и во општинските одбори. Во меѓувреме продолжуваат другите активности, печатење на потребниот изборен материјал, на 19-ти мај завршува и постапката за собирање потписи за листа на кандидати, а на истиот датум завршува и увидот во избирачкиот список.
XS
SM
MD
LG